На 03.06.2014 (вторник), 11:00 – 14:00 часот, во Центарот за конференции и студии при Национална и Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, ќе се одржи работна средба на тема: Стратегија и план за работа со ООР.
На работната средба, организирана од Метаморфозис и Алијансата за отворени образовни ресурси на Македонија, на која ќе присуствуваат членови на Алијансата за ООР, ќе се разменат идеи и ќе се дискутира статусот, проблемот, визијата, решението и можните бариери за отворените образовни ресурси во Р. Македонија.
Целта на средбата е од овој состанок да произлезе стратегија и план за работа кои ќе помогнат во реализација на идните активности и продлабочување на соработката меѓу институциите и Алијансата за отворени образовни ресурси.
Најава за работна средба на тема: Стратегија и план за работа со ООР
02.06.2014

Активност во рамки на проектот:
Создавање и споделување отворени образовни ресурси - вебинар
Фондацијата Метаморфозис ве поканува да бидете дел од вебинарот Создавање и споделување отворени образовни ресурси, со почеток во 15:30 часот, на 23 февруари (вторник), 2021 година. Ги покануваме сите заинтересирани од наставниот кадар,…
Други активности од проектот:
Приватноста во онлајн наставата – вебинар
Отворени образовни ресурси – анализа на можностите и препораки за вклучување на ООР во образовниот процес
Победници на конкурсот „НајООР наставник/наставничка од основното образование за 2020 година!
Метаморфозис – организатор на сесијата „Предизвици во отвореното и онлајн образованието во Република Северна Македонија“ во рамки на конференцијата PUBMET2020