Едукатори на овие презентации, ќе бидат членовите на формираната мрежа од НВО и училишта кои беа учесници на одржаниот семинар во Охрид. Нови едукации ќе има во градовите: Охрид, Кавадарци, Штип, Битола, Скопје, Делчево, Прилеп, Тетово и Куманово, како и во градот Велес, кој досега не беше опфатен со едукација од ваков вид. Учество ќе земат повеќе од 20 едукатори, кои досега го пријавија својот интерес. Тие ќе покријат 50-ина училишта. Сите презентации предвидено е да се спроведат во текот на првата половина од овој месец.
Како и во првата фаза кога беа опфатени вкупно 28 училишта, и во оваа, едукациите ќе вклучуваат презентација и интерактивна дискусија и секако ќе се делат едукативни материјали за учениците, родителите, наставниците, како и за самото училиште. Покрај постерот, брошурата и летокот, публикации кои се наменети за самите деца, овој пат ќе се делат и примероци од водичот кој тукушто излезе од печат, а им е наменет на родителите и наставниците. Водичот се вика Безбедно на интернет и е петти по ред кој го има издадено Фондацијата Метаморфозис.
Во продолжение можете да ја погледнете листата на училишта во кои ќе се одржуваат едукации за безбедно користење на интернет од страна на децата, која ќе се дополнува во наредниот период, со пристигнувањето на нови пријави од едукаторите и потврди за интерес од страна на училиштата. Некои од овие училишта беа опфатени и во првиот едукативен цилус, но овој пат едукациите ќе опфатат други групи на деца, додека, во повеќето училишта, едукациите од овој вид ќе се реализираат за првпат.

Листа на училишта во кои ќе се одржуваат нови едукации

Сподели: