Во периодот меѓу јули- декември 2016 година, конзорциумот, составен од 6 држави во регионот и Вестминстер Фондацијата за демократија, развија Регионален индекс на отвореност кој служеше како индикатор за мерење на процентот на транспарентност на владите и министерствата во државите од Западен Балкан и достапноста на информациите до граѓанинот. Врз основа на тие мерења, водени согласно меѓународните стандарди, беа изготвени национални Планови за добро владеење со основни препораки и активности. Националниот сеопфатен план за добро владеење за државните институции во Република Македонија може да го погледнете тука.
Регионалниот План, пак, ги обединува посебните акциони национални планови на државите од Западен Балкан и вклучува препораки на високо ниво за секоја институција, а во насока на подобрување на нивната транспарентност. Во овој документ се разгледани низа прашања, следејќи ги принципите на транспарентност: од донесувањето на централна политика на отвореност на извршно ниво до редовно објавување на избирачки списоци на пратеници, дали судските органи одржуваат ажурирана веб-страница и дали локалните влади објавуваат информации навремено, итн.
Регионалниот индекс на отвореност, преку јавно демонстрирање како функционираат различните институции во овие области, ќе ги мотивира институциите да усвојат и имплементираат некои од предложените чекори за акција, да ја подобрат отвореноста и, следствено, резултатот во индексот за следната година да биде на повисоко ниво. Во текот на следните три години, Регионалниот индекс на отвореност ќе се ажурира на годишна основа и ќе дејствува како референтна точка за напредок кон транспарентноста во регионот. Обновените национални планови за добро владеење за институциите ќе се развиваат врз основа на ревидираното постигнување. На тој начин работата на регионално ниво ќе го забрза темпото на промена на ова важно прашање, што е и една од целите на проектот ACTION SEE.
Сподели: