По низа консултативни средби на работната група за креирање на Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија, на 19.11.2019, на 166-та седница на Владата е усвоена Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија за периодот 2019-2021 година. Исто така, усвоен е и Акциски план со цел унапредување на амбиентот за транспарентност и доверба во работата на институциите во пресрет на интеграцијата на земјата во ЕУ и НАТО.
Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, заедно со Фондацијата Отворено општество – Македонија и Министерот без ресор задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност во Владата на Република Северна Македонија, Роберт Поповски, во рамките на проектот ACTION SEE – ОДГОВОРНОСТ, ТЕХНОЛОГИЈА И МРЕЖА НА ИНСТИТУЦИОНАЛНА ОТВОРЕНОСТ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА беше една од клучните креатори на Стратегијата.
Стратегијата се јави како потреба од резултатите од Регионалниот индекс на отвореност за Северна Македонија, продукт на ACTION SEE проектот спроведен од Фондација Метамофозис, кој покажа дека постојат значителни разлики помеѓу институциите во однос на нивната отвореност и транспарентност, како последица на примената на добрите практики кои најчесто зависат од добрата волја и посветеноста на лицата што раководат со таа институција.
Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија (2019-2021) е достапна онлајн за пошироката јавност на три јазика (македонски, албански и англиски).
Овој продукт е изготвен со помош на Европската Унија. Содржините од овој продукт се единствена одговорност на партнерите од проектот “ACTION SEE – Accountability, Technology and Institutional Openness Network in SEE” и на ниеден начин не ги изразуваат ставовите на Европската Унија.
Овој продукт е изготвен со помош на Фондација Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот, и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата.
Сподели: