Дел од тимот на Фондација Метаморфозис имаа прилика да бидат дел обуката (Master class) на тема „Од тишина до акција“, која се одржа на 30 септември во Скопје. Настанот беше во организација на Regional Anti-Corruption Initiative – RAI.

Во првиот дел на обуката експертот за комуникации Кенан Куртиќ, во својата презентација даде примери на комуникациски кампањи кои имале силно влијание врз граѓаните и тоа придонело за сериозни промени на подобро во заедницата. Посебен фокус се стави на како се гради комуникациска стратегија, која е појдовна точка и кои се механизмите кои треба да се користат доколку сакаме да бидат комуникациските кампањи успешни.

Во вториот дел обуката водена од страна на експерт за комуникации Марк Ворт, учесниците имаа можност преку практични вежби да откријат колку е важно како комуницираме со јавноста, каков вид на реторика е поприфатлива за нашата публика, како да се подготви наслов на напис кој со сигурност ќе го привлече вниманието на нашата публика.

Овој проект има за цел да ја информира и едуцира пошироката јавност, особено младите, за виталната улога што ја играат “свиркачите“ во борбата против корупцијата и за правата и заштитата од кои треба да имаат корист “свиркачите“. Регионалната антикорупциска иницијатива (RAI) е единствената меѓу владина организација исклучиво посветена на борбата против корупцијата во Југоисточна Европа. РАИ работи на подобрување на заштитата на “свиркачите“ преку подобри закони и зајакнување на капацитетите на институциите за спроведување на овие закони, следејќи ја Директивата на ЕУ за заштита на “свиркачите“ донесена во 2019 година.

Сподели: