Повеќе од 20 новинари, истражувачи и преставници на граѓанскиот сектор учествуваа во Обуката за визуелизација на податоци која се одржа на 3 јуни, од 10:00 до 18:00 часот во ГЕМ клубот во Скопје. Првиот дел од обуката, на која тренер беше Игнаси Алкалде, член на Open Knowledge Foundation и активен член на School of Data мрежата, беше посветен на теоријата и историјата на визуелизациите на податоци.
Во вториот дел, учесниците беа поделени во групи и секоја група работеше на посебни визуелизации со посебен сет на податоци при што имаа можност да го искусат целосниот процес на работа. При работата се користеа три веб алатки: Infogram, Quadrgram и Cartodb, а сите учесници добија бесплатни промо кодови за професионално користење на алатката Infogram за 30 дена.
Групите своите визуелизации ги посветија на најразлични теми, меѓу кои Скопје 2014, образование, екологија и одлив на мозоци.
.@goxo and @ignasialcalde are just starting today’s training on Data Viz! #datavizmk pic.twitter.com/rZDgF3DbQK
— Школа за податоци (@scodamk) June 3, 2016
Инаку, Игнаси Алкалде живее во Барселона и предава на Универзитетот на Каталонија, а исто така е и професор на пост-дипломските студии за интерактивни визуелизации на информации на УНИР Универзитетот.
Обуката ја организира Фондацијата Метаморфозис во соработка со Open Knowledge Foundation во рамки на проектот Мрежа на граѓански организации за отворени податоци, со поддршка од Британската амбасада во Скопје.
Целта на проектот е преку формирање на Школа за податоци – Македонија да ги поттикне граѓанските организации, медиумите и индивидуите кои поттикнуваат промени, да ги разберат и користат официјалните владини и другите отворени податоци со цел зголемување на одговорноста на владата, подобрување на испораката и услугите и зголемување на граѓанското учество во креирањето на политиките.
Сподели: