Фондацијата Метаморфозис на 25 декември одржа Open Data Meetup заедно со учесниците на
Обуката за новинарство базирано на податоци, како и учесниците на
We Can Code, настан кој се одржа за време на Европската недела на кодирање. Целта на собирот беше новинарите и компјутерските инжинери од Македонија да разговараат за можностите за соработка, особено кога се во прашање изборните податоци.

Неформалната средба се одржа во просториите на Јавна соба во Скопје од 18 до 20 часот. Во првиот час беа презентирани основите на отворените податоци и Data pipeline-от, за потоа учесниците да бидат поделени во три групи кои работеа на свои идеи за проекти поврзани со изборни податоци.

Проектот го спроведува Фондацијата Метаморфозис во соработка со Open Knowledge Foundation, а со поддршка од
Британската амбасада во Скопје. Целта на проектот е преку формирање на
Школа за податоци – Македонија да ги поттикне граѓанските организации, медиумите и индивидуите кои поттикнуваат промени, да ги разберат и користат официјалните владини и другите отворени податоци со цел зголемување на одговорноста на владата, подобрување на испораката и услугите и зголемување на граѓанското учество во креирањето на политиките.