Во работилницата земаа учество 8 членови на Меѓаши, кои изработуваа кратки видеа за некоја своја лична приказна. Видеата ќе бидат наскоро објавени на интернет и за нив ќе се изработи ДВД. Секое од видеата има јасна порака и претставува лична приказна на неговиот креатор.

DigiTales (Дигитални приказни) се однесуваат на медиумот кој се користи за да се пренесе приказната. Дигиталните приказни едноставно се приказни кои се креирани и распространети со помош на дигиталните медиуми. Тие се вистинско, преживеано искуство на нејзиниот креатор – напишано, раскажано и илустрирано од лицето кое ја доживеало приказната. Повеќе за дигиталните приказни може да прочитате следејќи го овој линк .
Сподели: