Работната група за подготовка на Стратегијата за транспарентност одржа средба на 29 мај 2023 година, во просториите на Владата на Република Северна Македонија.

На средбата, претставниците на граѓанскиот сектор и државните институции, заедно со ангажираните експертки Ирена Бојаџиевска и Наталија Шикова, го разгледаа предложениот нацрт – план на Стратегијата за транспарентност и дискутираа за приоритетните области.

Фондација Метаморфозис активно соработува со Кабинетот на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, и во процесот на подготовка на Стратегијата за транспарентност, обезбедува експертска и финансиска помош.

Новата Стратегија за транспарентност на Владата со акциски план (2023-2026) има за цел да даде нови насоки и принципи за подобрување на транспарентноста на институциите, истовремено продолжувајќи ги позитивните практики на соработка и активна транспарентност воспоставени со претходната стратегија.

Активностите се дел од проектот „Транспарентност и отчетност на државните институции во РСМ“ кој го спроведува Фондација Метаморфозис со финансиска поддршка од Фондација Отворено општество-Македонија.

Сподели: