Претставник од Метаморфозис беше гостин на обуката организирана од „Ексквизит“, која е трета од серијалот обуки кои тие ги одржуваат во соработка со Амбасадата на Кралството Норвешка, со цел поттикнување на самовработувањето и развој на претприемачкиот дух кај младите.
Презентацијата претставуваше детален „чекор по чекор“ водич за пишување политика за приватност, базирана на услугите кои би ги нудел веб-сајтот, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Македонија.
Учесниците добија примероци од водичот „Како до политика за приватност?“, постер, кој ја содржи заложбата за заштита на приватноста, како и водич „Како да си ја заштитиме приватноста на Фејсбук?“
Учесниците воедно беа стимулирани, доколку воспостават своја е-продавница, да покажат дека водат грижа за заштитата на личните податоци на нивните корисници, поставувајќи го беџот „Респект за приватност!“.
Презентацијата претставува продолжување на иницијативата на Метаморфозис за подигнување на знаењата и свеста за потребите од воспоставување соодветни политики за приватност на веб-сајтовите, што перспективно би довело и до зголемување на нивниот број.
Сподели: