Ве покануваме да бидете дел од вебинарот на тема „Вовед во дигитална безбедност и заштита“ кој ќе се одржи на 14 декември од 17:00 – 18:40 часот.

За време на вебинарот учесниците ќе можат да научат да воочуваат сомнителни онлајн активности (на пример, фишинг мејлови), соодветно да го анализираат нивниот дигитален отпечаток, ќе дознаат за разните нивоа и слоеви на сајбер-безбедноста и заштитата на приватноста и ќе можат да ги карактеризираат нивните најслаби алки во однос на безбедноста (вклучително и на нивните организации).

Крајната цел е учесниците да ја сфатат вредноста на приватноста и безбедноста и да станат свесни дека можат да се заштитат себеси во дигиталниот свет.

На вебинарот може да учествуваат претставници од граѓанските организации, медиуми, новинари и наставен кадар.

Вебинарот ќе го води Гоце Арсовски кој е офицер за програмска поддршка во Фондацијата Метаморфозис. Тој е психолог, истражувач и искусен тренер, кој работи во невладиниот сектор во последните 7 години. За тоа време, тој има одржано десетици обуки и вебинари на теми како што се создавање и користење на отворени образовни ресурси, кампањи за застапување на социјални медиуми, сајбер-безбедност и сигурност, анализа на податоци и визуелизација на податоци, институционална отвореност и транспарентност и многу други.

Напомена: работниот јазик на вебинарот е англиски и може да учествуваат сите заинтересирани од Северна Македонија и Косово.

За деталите и за тоа како да аплицирате за учество на вебинарот следете го линкот.

Сподели: