Мени

Отворени денови во Чаир, Дебар, Гостивар и Тетово и промоција на изданија за КОЗ

Отворените денови ќе се одржат во општинските згради во:

  • Чаир на 15 јуни (среда) од 12 до 13 ч.
  • Дебар на 16 јуни (четврток) од 12 до 13 ч.
  • Гостивар на 17 јуни (петок) од 12 до 13 ч.
  • Тетово на 17 јуни (петок) од 14 до 15 ч.

Комисиите за односи меѓу заедниците (КОЗ) се тела составени од претставници на сите етнички заедници во мултиетничките општини кои општинските совети се обврзани да ги консултираат при решавање прашања поврзани со етничкиот идентитет.

Во рамките на отворените денови ќе бидат промовирани и две изданија развиени со поддршка на Европската унија во рамки на проектот МЕК – Модел за ефикасна комуникација меѓу комисиите за односи меѓу заедниците и граѓаните во кои се пренесуваат собраните искуства и се даваат насоки за понатамошна работа и на КОЗ и на институциите на системот. Изданијата кои ќе бидат промовирани се достапни на 7 јазици што се говорат во Македонија, како и на англиски.

  • Прирачник за комисиите за односи меѓу заедниците – преку кој се објаснуваат законските рамки и се даваат практични насоки за сите чинители
  • Заклучоци и препораки од конференцијата „Како до поефикасни КОЗ“ одржана во Скопје на 9 март 2011 г. со учество на централните и локалните власти и граѓанскиот сектор

Проектот МЕК се одвиваше во текот на 2010 и почетокот на 2011 година, при што освен изданијата беше овозможено развој на содржини за е-учење и информатичка инфраструктура за институционална меморија на КОЗ кои се на располагање на јавноста преку веб-сајтот www.mek.mk.