Фондацијата Метаморфозис, во рамките на проектот „Зголемување на употребата на веб-локациите gov.mk како алатки за транспарентност, отчетност и е-учество“, спроведе истражување чија цел е утврдување на квалитетот на е-услугите и алатките за комуникација со граѓаните кои ги нудат gov.mk веб-локациите и истакнување на позитивни примери со цел поттикнување зголемено користење на овие е-услуги.

Истражувањето го опфаќа тековното ниво на употреба на владините веб-локации на општинско и државно ниво (gov.mk) во областите на транспарентност, отчетност и е-учество при донесување на одлуки, а овозможува согледување на состојбите, изведување заклучоци и препораки за поголемо искористување на целосниот потенцијал на новите технологии во овие области.

Ве покануваме да го дадете вашиот придонес преку оставање на коментар, забелешка или препорака која би сакале да биде разгледана и вклучена во финалниот извештај. Учествувајте преку коментари на Пинг.мк или преку е-пошта наinfo@metamorphosis.org.mk.

Истражувањето е дел од меѓународната соработка потпомогната од Словачко-Балканскиот фонд за јавни политики, спроведуван од Балканската мрежа за развој на граѓанско општество и Фондацијата Понтис од Словачка.

Документите се достапни тука, а дискусијата е отворена до 5 јуни, 2014 година.

Сподели: