На 15 октомври се одржа меѓународната конференција: Развој и демократија – Развојни екосистеми во В4: Новата улога на граѓанските организации и бизнисите во милениумските развојни цели, организирана од Фондација Понтис, во Братислава, Словачка.

За време на тркалезната маса на тема: Ефикасни алатки за граѓанско учество за вклучување јавните политики во Западен Балкан, претставник на Метаморфозис ја презентираше студијата за јавна политика: Зголемување на употребата на веб-локациите gov.mk како алатки за транспарентност, отчетност и е-учество.

Во текот на конференцијата, беа опфатени различни теми на 7 тркалезни маси, а на нив по неколку клучни говорници ги дискутираа нивните теми и прашања со учесниците.

Говорници на настанот беа претставници од државни институции од В4 земјите, невладини организации, академци, претприемачи, медиуми, професионалци и експерти во полето на соработка за развој.

Сподели: