Користење технологија и иновации како алатки за промоција и воспоставување на добро владеење – ова беше главната тема на работилницата одржана во Сараево на 28-ми мај 2016 година како еден од главните настани во рамките на конференцијата POINT 5.0 организирана од мрежата АКТИОН СЕЕ и нејзините партнери.
Оваа работилница укажа на потенцијалните начини за подобрување на владината отчетност и на доброто владеење преку употребата на нови технологии и на сегашниот статус на доброто владеење во Босна и Херцеговина. Панелисти на првиот дел од оваа работилница беа Адис Муховиќ од Фондацијата „ЦПУ“ од БиХ и Дарко Бркан од ЗГ „Зашто не“; додека Микал Шкоп од „Коховолит“, Душан Јордановиќ од „ЦРТА“, Милена Гвозденовиќ од „ЦДТ“, Ана Пениазко од словачкиот Институтут за владење, Ондреј Гало од Фондацијата „Понтис“ и Дона Џамбаска од „Метаморфозис“ беа панелисти на вториот дел.
Адис Муховиќ ја започна работилницата зборувајќи за предизвиците со кои се соочува Босна во врска со доброто владеење. Тој исто така зборуваше за актуелните економски и социјални реформи во земјата како и за нивниот статус. Дарко Бркан зборуваше за ситуацијата поврзана со комплексноста на донесувањето одлуки и ефектот кој го има сегашната влада во БиХ врз доброто владеење. “Многу нивоа и поделеното судство оставаат впечаток на неотчетност и недостаток на добро владеење“ – изјави Дарко.
Вториот дел од панел дискусијата беше мешавина од позитивни искуства од двата региони во врска со доброто владеење и начините на кои може тоа да се подобри со користење технологија. Учесниците од двата региони споделија информации за предизвиците со кои се соочуваат, како и совети за нивно решавање.
Целта на АКТИОН ВИШЕГРАД СЕЕ проектот е промоција на едно динамично граѓанско општество кое ефикасно ги мобилизира граѓаните, а со цел нивно активно ангажирање за прашања поврзани со доброто владеење во контекст на пристап кон ЕУ, и кое влијае на политиките и процесот на донесување на одлуки, како на национално, така и на регионално ниво во Западниот Балкан.
АКТИОН СЕЕ проектот е поддржан од:
и
владата на Сојузна Република Германија
Сподели: