Во периодот меѓу 28 септември и 1 октомври ќе се одржи серија јавни онлајн настани за претставување на локалните проекти финансиски поддржани од Европската Унија преку Вториот циклус на шемата за мали грантови од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Кри Тинк“ во периодот од октомври 2019 г. до јуни 2020 г.
Агендата на секој од настаните опфаќа два дела. Во првиот дел преку кратки презентации грантистите на КриТинк ќе ги претстават постигнувањата и искуствата од спроведување на проектите за јавна едукација за медиумска писменост и критичко мислење, по што ќе следува дискусија со учесниците за идентификуваните потреби на локално ниво, како и можностите за соработка со сите релевантни чинители и институции.
Настаните ќе бидат отворени за јавноста и ќе се одвиваат според следниот распоред:
Плански регион | Грантисти | Време | Пристап |
Скопски и Североисточен | 1. Рома Прогрес 2. Здружение „Центар за аудиовизуелни уметности“ 3. Контрапункт 4. Диверзити Медиа 5. МИЕС 6. КриејтивЕјт |
28.09.2020
11 часот |
|
Полошки | 1. Здружение Мултикултура-Тетово 2. Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ |
29.09.2020
11 часот |
|
Источен и Југоисточен | 1. Здружение на граѓани Медиа плус 2. Регионален центар за застапување 3. Здружение на граѓани Скај Плус 4. Мултус |
30.09.2020
11 часот |
|
Југозападен, Пелагониски и Вардарски | 1. Здружение за мултикултурна интеграција “Инклузија” 2. Фондација за локален развој и демократија Фокус Велес 3. Асоцијација за граѓанска толеранција и соработка Прилеп (АГТИС) 4. Здружение за развој на граѓанско образование и цивилно општество ГАНИМЕД |
01.10.2020
11 часот |
Сите настани ќе бидат емитувани во живо и на Фејсбук преку официјалната страница на Критинк (facebook.com/kritink.mk). Настаните и дискусиите ќе бидат снимани и по завршувањето снимките ќе бидат јавно достапни онлајн преку е-библиотеката на веб-сајтот на Критинк.
Сподели: