Научете како да ја заштитите приватноста во дигиталниот свет!
Кога: 12 април, со почеток во 15:00 часот
Колку ќе трае? Еден час!
Цена за учество? БЕСПЛАТНО!
Како да се регистирам? Кликни тука: https://attendee.gotowebinar.com/register/2095598076105001219
На кој јазик ќе биде вебинарот? Овој вебинар ќе се одржи на македонски јазик.
*Овој вебинар ќе се одржи онлајн.
Идејата за тоа што е приватност, што е личен податок и нешто кое ни припаѓа само нам е почетна основа за детектирање на можните проблеми со кои може да се соочиме во секојдневното користење на интернетот.
Кои податоци треба да ги третираме како приватни и да не ги споделуваме на интернет? На кого му се достапни нашите лични податоци кои ги користиме на интернет? Како да ги насочиме децата да ги користат придобивките на интернетот и да ги избегнат опасностите со кои може да се соочат?
Овој вебинар ќе одговори на најважните прашања поврзани со заштитата на приватноста на најмладите во дигиталната ера:
• Каде се движиме на интернет и дали знаеме дека интернетот е јавен простор?
• Кои сме ние на интернет и кој сè има пристап до нашите лични податоци?
• Гео локализација – дали сме свесни дека не следат?
• Какви кориснички имиња и лозинки користиме и дали сме заштитени од кражба на идентитет на интернет?
• Видео надзор – скриена камери или нешто повеќе?
• Кои лични податоци можат да бидат злоупотребени на интернет?
Краток опис за експерот Елена Трифуновска:
Елена Трифуновска е магистер по комуникации со долгогодишно искуство во областа на заштитата на приватноста. Во периодот од 2005 до 2014 година работела како советник за меѓународна соработка и односи со јавноста во Дирекцијата за заштита на личните податоци, а оттогаш наваму како аналитичар во областа со особен фокус на заштитата на приватноста на интернет и во медиумите. Се јавува како автор и ко-автор на повеќе стручни публикации за заштита на личните податоци во одделни области, анализи и истражувања кои се однесуваат на примената на регулативата за заштита на личните податоци. Покрај правото на приватност во нејзиното поле на интерес се и медиумската регулатива и информациско – комуникациските теории.
Не пропуштајте ја оваа можност да присуствувате на овој вебинар во среда (12 април).
Сподели: