Во рамките на проектот „Програма за дигитален акселератор“, Фондацијата Метаморфозис објавува повик за прибирање понуди за ангажирање на експерти за дигитална сигурност и експерти за градење капацитети.

Ги покануваме сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите наведени во повикот да аплицираат онлајн, на наведениот e-mail во самиот повик.

Начин на аплицирање: со испраќање на кратка биографија (CV) и финансиска понуда, испратени до marijana@metamorphosis.org.mk, најдоцна до 12.1.2024, 16:00 часот.

Сите детали се достапни на следните линкови: ToR mentors 2024 и Annex 1 financial offer.

Повикот е отворен од денес, 28.12.2023 до 12.1.2024, 16:00 часот. Пријавите кои ќе пристигнат по наведениот рок нема да бидат земени предвид.

Сподели: