Мени

Повик за учество во фокус-групи: Состојбите и предизвиците со онлајн наставата во основните училишта

Фондацијата Метаморфозис, во рамки на своите истражувачки активности поврзани со отвореното образование, отворени образовни ресурси, и состојбите и предизвиците поврзани со онлајн наставата во изминатиот период, објавува повик за учество во фокус-групи.

Повикот е наменет за родители/старатели, наставници/наставнички, и менаџмент од основните училишта во РСМ. Предност ќе имаат апликации од наведените категории учесници, кои живеат/работат во рурална средина, и наставен кадар кој наставата ја спроведува на јазик на по малубројните заедници.

Во рамки на повикот, планирани се три одделни фокус-групи, односно по една за секоја наведена група учесници: родители/старатели, наставен кадар, и менаџмент на училиштата. Фокус-групите ќе се одржат онлајн, преку платформата Zoom. Истите ќе се спроведат во периодот помеѓу 24 и 28 август, 2020 година, секоја со почеток во 17 часот. За точното време на одржување на секоја фокус група, избраните кандидати ќе бидат дополнително известени. Услов за учество во фокус групите е пријавената да припаѓа на целната група за која се пријавува.

Начин на пријавување

Сите заинтересирани потребно е да испратат e-mail до организаторот contact@oer.mk, во кој задолжително ќе се наведат:

  • Име и презиме
  • Телефонски број
  • E-mail адреса
  • Место на живеење
  • Назив и локација на училиштето во кое работат (во пријавите за наставен кадар и менаџмент)
  • За која фокус-група се пријавуваат

Местата се ограничени, а селекцијата ќе биде на принцип на „прв-пријавен“. Еден учесник може да се учествува само на една фокус-група (на пр. доколку пријавената е наставничка во основно образование, но истовремено и родител на дете кои следи настава во основно образование, може да учествува или на фокус-група за родители, или за наставен кадар). Учесниците ќе добијат финансиски надомест во износ од 1500 денари за нивното учество во истражувањето.