Мени

Прв состанок на Форумот за управување со интернетот

Oвој собир на голем број чинители е единствена можност за учесниците да разменат информации, искуства и најдобри случаи со цел да придонесат кон подобро разбирање на тоа како целиот потенцијал на интернетот може да биде искористен во корист на сите луѓе. Форумот за управување со интернетот како тело нема мандат за донесување одлуки, туку претставува место за дијалог на сите чинители околу прашањата поврзани со управувањето со интернетот.

Дневниот ред на состанокот ги опфаќа следните теми:

  • отвореност – слобода на изразување, слободен проток на информации, идеи и знаење,
  • безбедност – креирање доверба преку соработка,
  • разновидност – промовирање на мултијазичност и содржини на локални јазици,
  • пристап – интернет-пристап, политики и цени.

Градењето капацитети е посочена како една од горливите теми и дискусиите на оваа тема ќе се фокусираат на тоа што треба да се направи за да се обезбеди забележливо учество на чинителите од земјите во развој во прашањата поврзани со јавната политика коишто можат да произлезат при управувањето на интернетот.

На Форумот учествува и делегација од Република Македонија предводена од министерот Глигор Ташковиќ. Како претставник на Фондацијата Метаморфозис учествува г. Бардил Јашари. Подетални информации за резултатите и препораките од Форумот во Атина ќе објавиме на нашиот сајт во текот на наредната недела.