Microsoft заедно со Фондацијата Метаморфозис, а во соработка со невладината организација ЛЕНС, во Приштина организираа настан посветен на користењето на технологијата од страна на невладините организации во Косово. Настанот го отвори Мерџан Емини – веб-програмер во Фондацијата Метаморфозис, прикажувајќи ги многуте можности што им стојат на располагање на невладините организации зависно од нивниот профил, и покажа како технологиите можат да го променат начинот на работење бидејќи нудат краток пат, мали трошоци за постигнување на целта. Тој на НВО-ата им го предложи моделот „Истражувај, делувај и имај влијание”, според кој, зависно од нивната мисија, организациите првично имаа можност да се информираат за големите можности што им ги нуди технологијата, како да ги користат тие зависно од природата на мисијата и да извршат мерење на влијанието за да ја видат реакцијата на граѓаните.

DSC_0205_-_Copy_2

Потоа зборуваше Влора Адеми, програмски менаџер за образование во Мајкрософт Македонија и Косово, која што кажа која е целта на Microsoft Youth Spark во однос на НВО-ата, владините организации и бизнисите, за да го постигнат нивниот целосен потенцијал. Таа истотака зборуваше за неколку продукти и услуги на Microsoft, кои што можат да се применат во многу аспекти, притоа спомнувајќи ги: Microsoft IT Academia, DreamSpark, ImagineCup итн., како и за великодушноста на ова компанија, помогнувајќи различни организации и институции со 795милиони долари, од кои 120 милиони долари се во вид на софтверска помош. Г-а Aдеми истотака кажа дека организациите кои сакаат да аплицираат за помош и грантови од Microsoft, ова треба да го направат преку Македонија, бидејќи Косово не се наоѓа на списокот со земји.

DSC_0240

Ова активност ја заокружи новинарот и блогер, Ѓерѓ Филипај, кој што во неколку кратки точки го објасни големото влијание на социјалните мрежи во општеството, кои што, според него, ја елиминираат пречката на физичкото растојание, градејќи мостови за виртуелна комуникација за да се подигне гласот и да се постигнат различни цели, било колективни или пак индивидуални. Некои од темите кои што се начнаа, како прашања на кои социјалните медиуми имаат влијание во голема мерка беа образованието, безбедноста, како и кризните случаи, каде што беше спомнато влијанието на социјалните медиуми во арапската пролет во Египет, во еден случај на крводарителство во Центарот за иновации на Косово, каде што преку неколку соопштенија во социјалните медиуми, за помалку од два часа беа обезбедени 20 кесиња со крв од доброволци кои се информирале преку социјалните медиуми.

Сподели: