На 20 март, во организација на локалната канцеларија на Мајкрософт Македонија заедно со Фондацијата Метаморфозис, се одржа Денот на Мајкрософт посветен на НВО секторот. Настанот го проследија 120 присутни претставници на граѓанскиот сектор кои се информираа како да ги подобрат своите ИКТ вештини, како и за употребата и можностите кои ги нуди Мајкрософт преку програмата Youthspark и апликациите за Сајбер грантови.

microsoftnvo1

Настанот го отворија генералниот менаџер на Мајкрософт Македонија и Косово Стефан Плавјански како и Бардил Јашари директор на Фондацијата Метаморфозис.

„Соработката со Мајкрософт за овој настан е продолжување на напорите на Метаморфозис да ги зајакне капацитетите на НВО за користење на новите технологии во работата, со цел поефикасно да ја остварат нивната мисија. Со донациите на Микрософт ќе се заокружи процесот на поддршка кој започна со обуки и менторство од страна на Метаморфозис со кои беа опфатени 10 организации“, истакна Бардил Јашари, директор на фондацијата Метаморфозис.

По воведните говори, Елена Игнатова, проектен координатор во Метаморфозис, презентирашекако невладините организации можат да имаат корист од новите технологии. Понатаму, Влора Адеми, програмски менаџер за образование во Мајкрософт Македонија и Косово, зборуваше на тема: Создаваме вистински влијанија за подобро утре: Microsoft YouthSpark, презентирајќи ја програмата за поддршка на младите во создавање и искористување на можности.

microsoftnvo3

„Мајкрософт во фискалната 2013 година донираше софтвер со реална пазарна вредност од 795 милиони долари на повеќе од 70.000 непрофитни организации во светот, а Мајкрософт Македонија во фискалната 2013 донираше софтвер вреден повеќе од 320 илјади долари (над 600 лиценци). Секоја организација која сака да аплицира за донација на софтвер може да ме контактираат на мојата имејл адреса a-vademi@microsoft.com a-vademi@microsoft.com со цел да добие повеќе информации“, посочи Влора Адеми, програмски менаџер за образование во Мајкрософт Македонија и Косово.

YoutSpark програмата како глобална иницијатива е активна од минатата година, а има за цел да создаде можности за 300 милиони млади во наредните три години. Оваа програма преку грантови за организации кои со својата мисија и активности го поддржуваат развојот на младите во првата година од своето постоење има создадено можности за повеќе од 103 милиони млади луѓе во повеќе од 100 држави низ светот.

microsoftnvo2

Во втората половина од настанот, Тамара Ресавска, проектен координатор во Метаморфозис зборуваше на тема: Друштвени медиуми за општествена полза, а потоа Јовче Пластиновски, консултант во Мајкрософт Македонија ја презентираше Мајкрософт продуктивноста во облакот.

Настанот имаше голема медиумска покриеност, а агрегираните објави од медиумите може да ги погледнете во посебната секција за настанот на Пинг. Албумот со фотографии од настанот може да го погледнете на Фејсбук страницата на Метаморфозис.

Сподели: