На 20 и 21 јули 2016, во ГЕМ Клуб во Скопје, се одржа втората средба на партнерите во проектот ACTION SEE – Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа. На состанокот присуствуваа претставници од Фондација Метаморфозис која е воедно и координатор на проектот, како и партнерските организации – Westminster Foundation for Democracy од Велика Британија, CRTA – Center for Research, Transparency and Accountability од Србија, Citizens Association Why not? од Босна и Херцеговина, Center for Democratic Transition од Црна Гора, Open Data Kosovo (ODK) од Косово, и Levizja Mjaft! од Албанија.
На средбата се дискутираа регионалниот индекс на отвореност на институциите, претстојното истражување на институциите, како и идните чекори и активности во проектот.
Целта на проектот е зголемување на вклученоста на граѓанското општество и медиумските организации во креирањето на јавното мислење, креирањето политики и учество во механизмите за донесување одлуки, како и зголемување на капацитетите на граѓанското општество да адресира чувствителни прашања.
Овој проект е имплементиран со финансиска поддршка на Европската Унија.
Сподели: