Трибината беше организирана во рамките на Меѓународната конференција „е-Општество.Мк“, која се одвива според Националната стратегија за информатичко општество, како дел од напорите за задоволување на приоритетната потреба за подигање на јавната свест и зголемување на знаењата преку излагања на интернационални и домашни експерти.

На трибината воведни излагања имаа г-а Њомза Керими, асистент на факултетот за комуникации и технологии при Универзитетот на Југоисточна Европа, Тетово, г. Кристијан Мелер, експерт од канцеларијата на Претставникот на ОБСЕ за Слобода на медиумите, г. Гоце Арменски, член на Работната група за изработка на Националната стратегија за развој на информатичко општество и асистент на Институтот за информатика при ПМФ, Скопје и г. Зоран Бојаровски, заменик-главен уредник на Форум плус и предавач во МИМ.

Трибината ја модерираше д-р Марјан Гушев, член на УО на Фондацијата Метаморфозис и професор на Институтот за информатика при ПМФ, Скопје.

Повеќе од седумдесет присутни имаа можност да се вклучат во дискусијата и да им постават прашања на воведничарите. Дискусијата се водеше околу прашањето што е поважно – евтин/бесплатен интернет или содржини. Исто така, беше истакната потребата од толковен речник на информатички и технички термини, проект кој според Националната стратегија за информатичко општество треба да го имплементира Фондацијата Метаморфозис и за кој подготовките веќе се во завршна фаза.

Сподели: