Вториот дел од семинарот беше резервиран за дискутирање на вистински случки од Македонија и од светот од кои произлегуваат важни поуки за зачувување на личната приватност и безбедност на децата.На крајот беа дадени неколку препораки за корисен софтвер за деца, кој може да се применува и во домот и во училницата, со кој се поттикнува креативност, се утврдуваат знаења и се вежбаат разни вештини. Беа презентирани и неколку програми кои родителите можат да ги користат за мониторинг, филтрирање и ограничување на содржини за деца.
Овој семинар треба да му помогне на раководниот кадар во училиштето во подготовка на политики за подигнување на нивото на приватност и безбедност на децата во училиштето додека користат интернет и мобилни уреди.
Сподели: