Европската комисија и Советот сакаат да усвојат пропис што ќе им овозможи на интернет-провајдерите (ISP) да прават дискриминација меѓу клиентите и да наплаќаат додатни суми за различни видови интернет-услуги.

Метаморфозис се приклучува на кампањата „Спаси го интернетот“ за зачувување на неутралноста на интернет-просторот, која ја спроведуваат повеќе граѓански организации од Европа.

save-the-internet

Само оние кои плаќаат повеќе ќе имаат полесен пристап до публиката на интернет, на тој начин убивајќи ја отвореноста, која го движи социјалниот и економскиот успех на интернет.
Интернетот како што го знаеме денес им дава исти слободи и шанси за успех на сите, но без неутралноста на интернетот, интернет-провајдерите стануваат „чувари“ кои ќе нудат директна линија на брз интернет за тие што ќе може да го платат и бавна интернет-линија за другите.

Минатата недела, Европскиот парламент го заврши вториот компромисен предлог за неутралност на интернетот и го испрати до земјите-членки (претставени во Советот на Европската унија) и до Европската комисија. Ова ќе им овозможи на Советот и на Комисијата да извршат притисок врз Парламентот да ги прифати конечниот компромис оваа недела.

Преговорите сега се влезени во фаза наречена „тријалог“, во која сите три институции на ЕУ преговараат за финалниот текст на новиот закон.

Погледнете како течел процесот и кои се одговорните политичари:

netneutrality

Сподели: