Викендот на 5 и 6 ноември, Катедрата за информатика во соработка со Фондацијата Метаморфозис организираше дводневен хакатон на кој учествуваа средношколци од Битола и Кичево. Хакатонот беше дел од Европската недела на кодирање и продолжение на настанот Code4MK. Целта на овој настан беше да им овозможи на средношколците кои досега немале шанса да создадат мобилна апликација и да кодираат, да научат како се прави тоа и како да ја имплементираат нивната идеја. Учесниците на овој хакатон имаа можност за создавање мобилна апликација и да учат како да кодираат користејќи клиент-сервер технологии [client side technologies] (HTML, CSS, Javascript). Исто така, овој настан беше одлична можност за учениците подобро да се запознаат, социјализираат и да споделат искуства. Целта на апликацијата која беше создадена за време на овој настан е да најде решение за вистински проблеми со кои се соочуваат студентите во кампусот, и оваа апликација ќе им послужи на голем број граѓани во иднина. На крајот, момците од ШрумАпс (http://www.shroomapps.com/), девелопери на Ерпокалипто играта за мобилни телефони, одржаа инспиративно предавање. Фондацијата Метаморфозис ги поддржува младите во континуитет со цел да ги подобри нивните знаења и вештини во областа на информатичките техноллогии преку обуки, настани, семинари, вебинари и натпревари на кои младите можат да го претстават своето знаење.
Исто така, учесниците на Code4MK настанот ќе можат да учествуваат на настани кои во иднина ќе ги организира Фондацијата Метаморфозис.
Тука можете да го погледнете видеото со коментарите и впечатоците на учениците:
Хаштазите кои се користеа за време на настанот беа: #CodeWeek #Code4MK #SEEU #CST #Code4Fun#MetamorphosisFoundation
Сподели: