На трибината земаа учество и еминентни професори од катедрите по француски јазик и превод и толкување на Филолошкиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, како и новинари и десетина студенти. Основна тема беше примената на содржини на медиумите во образовниот процес, која наспроти насловот не беше ограничена само на печатените медиуми, туку и на радио, телевизија и нови медиуми на Интернет.
Претставникот на Метаморфозис Филип Стојановски имаше презентација на концептите и алатките опфатени со проектот Активно граѓанско учество преку новите технологии, при што беа промовирани особено оние кои се релевантни за образовниот процес на учесниците-студенти: вики сајтовите и учеството во мрежата Глобал војсис онлајн. Беше посочено како преку овие опции се зголемуваат можностите за професионално надградување и граѓанско учество преку Интернет.
Тркалезната маса беше организирана од НВО Гласникот (Courier de Macedoine) како дел од програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Македонија.
Сподели: