Ги покануваме сите заинтересирани студенти, стартап компании од областа на IT и сите IT ентузијасти да се пријават за учество на второто издание на онлајн Хакатонот за отворени податоци кој ќе се одржи од 30-ти ноември до 3-ти декември 2021 година, во склоп на 17-то издание на меѓународната конференција е- Општество.мк. Хакатонот се организира во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Што е „Хакатон за отворени податоци“?

Хакатонот за отворени податоци е 4-дневен предизвик на кој учесниците треба да создадат креативно решение кое ќе овозможи промовирање на концептот за отворени податоци. Основната цел на хакатонот е доближување на отворените податоци до сите граѓани и нивно прикажување на едноставен и иновативен начин.

Кој има право на учество?

Право на учество имаат тимови составени од студенти или стартап компании од областа на IT. Неопходно е членовите на секој тим да имаат знаења од програмирање, дизајн, економија, маркетинг и слично. Еден тим може да биде составен од најмалку тројца членови, а најмногу осум. Едно претпријатие (*стартап компанија) може да пријави само еден тим.

*Стартап компанија е претпријатие кое не е постаро од 6 години, кое има или сè уште работи на развивање на иновативен производ или услуга и се наоѓа во рана инвестициона фаза.

Награден фонд за победникот?

Победникот на Хакатонот ќе добие финансиска поддршка од 3.000 долари наменета за комплетирање на демо верзијата (предложена и изработена за време на Хакатонот) во функционална апликација.

Регистрација на учесниците

Пријавувањето на тимовите е отворено до 24 ноември, 2021 година, до 16:00 часот. Регистрацијата е на следниот линк, а формуларот го пополнува секој член на тимот поединечно.

 

Прашања и одговори?

Вашите прашања може да ги испратите на hakaton@metamorphosis.org.mk; најдоцна до 20 ноември, 2021 година. Деталните информации поврзани со Хакатонот се достапни во документот: Информации – Хакатон за отворени податоци

 

Пријавете се!

 

 

Сподели: