Анкетата е поставена на веб-адресата

www.uslugi.gov.mk/anketa

Анкетата се состои од 18 општи прашања за веб-сајтот и можност граѓаните да се изјаснат за петте најчесто користени услуги од порталот:

  • издавање патни исправи,
  • издавање лична карта,
  • издавање извод од матичната книга на родените,
  • каде може да се поднесе барање за виза и
  • стипендии за студенти.

Повратните информации од граѓаните ќе бидат употребени како појдовна основа за понатамошен развој и доработка на порталот, особено во насока на обезбедување на владините услуги и по електронски пат.

Покрај анализата на е-услугите, ИКТ компонентата од проектот содржи и подготовка на стандарди за примената на информатичко-комуникациските технологии во рамките на државните органи и служби, утврдување на потребата за обуки на државните службеници и поддршка на секторот за ИТ во Генералниот секретаријат на Владата на РМ со човечки ресурси.

Проектот е финансиран од ФИООМ, а се спроведува во соработка со Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, Фондацијата Метаморфозис и соодветни експерти од одделни владини тела,  како Агенцијата за државни службеници, Секретаријатот за европски прашања и др.

Сподели: