Фондацијата Метаморфозис објавува повик за ангажирање консултант за организациски развој со познавања од областа на комуникациите. Рокот за пријавување е до 10 август 2017.
Цел
Општата цел е да се реформира Метаморфозис во модерна невладина организација која функционира добро и има силен стратешки фокус, јасни улоги и одговорности и цврста внатрешна комуникација која овозможува на менаџментот и на управниот одбор поефикасно да ги извршуваат своите улоги.
Делокруг и улога
Метаморфозис бара консултант за организациски развој со познавања од областа на комуникациите кој ќе:
- Ја ревидира организациската структура на Метаморфозис, сегашното распределување на улоги и одговорности и пракса на внатрешна комуникација имајќи ги предвид сегашните заложби и стратешки приоритети:
- Ги презентира наодите од ревидирањето пред организацијата со препораки како да се прераспределат улогите и одговорностите на начин кој ја унапредува соработката внатре во проектните тимови, но и меѓу нив;
- Го следи спроведувањето на промените за кои извршниот тим ќе се одлучи;
- Предложи методи и алатки за внатрешна комуникација кои ја поддржуваат новата структура и ќе го следи нивното спроведување каде е потребно.
- Предложи систем за управување со постигањата кој ќе ја рефлектира предложената нова структура и ќе го следи неговото спроведување каде е потребно.
- Го поддржува извршниот тим и управниот одбор на Метаморфозис во ревидирањето на стратешкиот фокус и организациската поставеност на Метаморфозис во иднина, вклучително и позиционирањето на нејзините медиумски проекти:
- Ги развива понатаму барањата и можните ефекти од различните стратешки насоки и ќе ги презентира наодите пред извршниот тим и управниот одбор за да им го олесни процесот на донесување одлуки.
- Ги поддржува подготовките за ритритот на одборот/персоналот (планиран за 22-24 септември) и да придонесе кон/го олесни самиот ритрит.
- Ја поддржува Метаморфозис во спроведувањето на одлуките кои ќе се донесат во оваа насока.
- Го поддржува одборот на Метаморфозис во станувањето поефективно управно, советодавно и тело кое ќе собира средства:
- Ја ревидира сегашната рамка на одборот и неговите практики.
- Ги презентира наодите пред управниот одбор со препораки како да се зајакне управувањето на организацијата.
- Го следи спроведувањето на препораките со кои организацијата сака да започне, вклучително и поставувањето на цели за членовите на извршниот тим, во линија со новиот стратешки фокус.
Работи што треба да се изготват
- Почетен извештај – по истражувачката фаза со посета на канцелариите на Метаморфозис во Скопје заради набљудување на организациската пракса: покажува разбирање за предизвиците со кои се соочува Метаморфозис и обезбедува детален работен план кој вклучува цели, хронолошка временска рамка и индикатори за промена.
- Јасно изразување на наодите од организациското ревидирање и на препораките за организациско реструктуирање, улогите и одговорностите, стратешкиот фокус и внатрешната комуникација и управувањето со постигањата.
- Олеснување на ритритот и подготовка на извештај за истиот.
- Поддршка на организацијата во спроведувањето на одлуките донесени за нејзиниот организациски развој, преку менторство и фидбек.
- Консултантот треба јасно да ги истакне потребите за обуки кои тој/таа ќе ги идентификува за време на овој ангажман.
- Консултантот треба да ги информира PeaceNexus за напредокот и предизвиците на овој ангажман.
Времетраење и временска рамка
Се очекува овој ангажман да се исполни во рок од 25 – 30 работни денови во временски период од 6 – 9 месеци. Поголемиот дел од стратешкото, структурното и ревидирањето на внатрешната комуникација ќе треба да се подготви пред организацискиот ритрит (22-24 септември 2017).
Квалификации
Искуство
- Најмалку петгодишно професионално искуство во стратешко планирање и менаџмент;
- Напредно познавање на англискиот јазик, пишан и говорен;
- Искуство во организациски развој и управување со промени во улогата на консултант;
- Портфолио со слични ангажмани кои воделе до видливи резултати;
- Докажана способност за работа со граѓански организации во областа на општествена промена, развој на медиуми и/или владеење
· Способност да се изврши овој ангажман во дадената временска рамка, вклучително и да се биде достапен/на за време на периодот на спроведување на промените во организацијата; - Диплома од релевантна област: планирање, јавни политики, развој, економија и/или менаџмент ќе се смета за предност.
- Претходно познавање на состојбата и предизвиците на невладиниот сектор на Балканот и/или Источна Европа ќе се смета за предност.
Процес на аплицирање
Апликациите треба да се испратат до Бардил Јашари, извршен директор, на bardhyl@metamorphosis.org.mk.
Апликацијата треба да содржи кратка биографија (CV), финансиски предлог кој вклучува прелиминарен работен план и мотивациско писмо со најмногу 1000 зборови во кое ќе објасните како Вашата заднина и искуство(а) Ве квалификуваат за овој вид ангажман.
Ве молиме доставете и информации за контакт на две лица кои можат да дадат коментар за Вашата способност да се сносите со овој ангажман (на пример Ваши поранешни клиенти).
Рок: 10 август 2017
Само одбраните кандидати ќе бидат контактирани и поканети на интервју.
Заднина
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Македонија. Нејзината мисија е да придонесе кон развој на демократијата и раст на квалитетот на живот преку иновативно користење и споделување на знаење. Водечките вредности се отвореност, еднаквост и слобода.
Основана во 2004 година, Метаморфозис создаде разнообразно портфолио на капацитети и вештини усовршени преку спроведувањето на проекти поддржани од различни донатори, вклучувајќи ги: Европската Унија, Национален фонд за демократија (NED), УСАИД, ОБСЕ, Вишеградскиот фонд, Балканскиот фонд за демократија, холандското Министерство за надворешни работи, Амбасадата на Обединетото Кралство во Скопје, француското Министерство за надворешни работи, Амбасадата на Германија во Скопје, Амбасадата на САД во Скопје, Амбасадата на Словачка во Скопје, фондациите Отворено општество, Тексуп, Мајкрософт и Гугл.
Моментно, Метаморфозис работи на неколку проекти групирани во програми (видете http://metamorphosis.org.mk/programi/), кои може да се поделат во два сегменти:
- Проекти за демократија/граѓански организации:
- Приватност и безбедност во дигиталната сфера насочени кон граѓанскиот, владиниот и приватниот сектор,
- Дигитален пристап за сите (е-инклузија);
- Општествени иновации и градење капацитети на граѓански организации преку промовирање и стратешко користење на ИКТ, вклучувајќи и градење на капацитети и софтверски донации од водечки продавачи на софтвер преку Тексуп;
- Добро владеење кое се фокусира на транспарентност и отчетност на јавните институции и други чинители;
- Зајакнување на граѓанското општество преку регрантирање на локални граѓански организации.
- Медиумски проекти:
- Новински портал на албански јазик Portalb.mk,
- Независна новинска агенција Meta.mk, која објавува вести на македонски, албански и англиски јазик
- Сервис за проверка на факти, кој ги проверува фактите во медиумските содржини и укажува на користењето на дискриминирачки јазик во медиумите како и говор на омраза
- Вистиномер – веб страница за анализа на отчетноста на политичарите и политичките партии.
Метаморфозис значително порасна во последните неколку години, има повеќе персонал, поголеми буџети и растечки број на проекти, и тоа создава огромен притисок врз системите на организацијата кои треба целосно да бидат во чекор со темпото на раст и експанзија. Заради ова, Метаморфозис побара поддршка за организациски развој од страна на Фондацијата ПисНексус (PeaceNexus Foundation). Делокругот и целите на организацискиот развој на Метаморфозис се резултат на консултации со персоналот и членовите на одборот и заедничка анализа на јаките и слабите страни на сегашната организациска поставеност. Извештајот кој го опишува овој процес е достапен и ќе биде споделен со консултантот(ите) по нивното назначување.
Сподели: