Мени
opstestveni

Општествени иновации

Општествените иновации претставуваат нови стратегии, концепти, идеи и организации кои ги пресретнуваат општествените потреби од сите видови – работни услови, образование, развој на заедницата, здравје – кои го зајакнуваат граѓанското општество.

Метаморфозис работи на развој на иновативни начини на учење, дигитализација на образовни ресурси, отворени пристап со кој се овозможува слободна достапност на рецензирани научни и академски написи, промоција и дистрибуција на отворените образовни ресурси, адаптација, локализација, создавање на упатства и дистрибуција на слободен софтвер. Исто така, Метаморфозис го поттикнува развојот на е-содржини од Македонија на локалните јазици преку обезбедување алатки за нивна промоција и создавање.

Потпрограми во рамките на оваа програма се: Нови медиуми и Слободна култура.

жс

Животна средина

Животната средина е тема на која се става акцент во изминатите години, поради големото загадување, емисија на штетни гасови, проблемот со управување на големи количини на отпад и многу други еколошки проблеми кои се одразуваат на животната средина, а со тоа и влијаат врз квалитетот на живот.

Метаморфозис своите активности ги насочи кон едукација и лобирање за подигање на свеста за електронскиот отпад кој е значајно прашање, кога се работи за справување со отпадни материи.
Метаморфозис исто така се фокусира и на зелена ИТ чии цели се намалување на штетните материјали, максимизирање на енергетската ефикасност и животниот век на производот и промовирање на рециклирање и биоразградливост на производите и отпадот.

Потпрограми во рамките на оваа програма се: е-Отпад и Зелена ИТ.

чп

Човекови права

Човековите права и слободи се основните критериуми кои ја отсликуваат улогата на човекот и граѓанинот во едно општество, а истовремено тие се најјасниот показател за карактерот на власта.

Метаморфозис се залага за развој на демократијата и подобрување на квалитетот на живеење преку иновативна примена и ширење на знаењето, а воедно ја поддржува употребата на нови технологии за креирање на нови простори овозможувајќи јавна дебата и размена на објективни информации, паралелно со напорите за зголемување на дигиталната писменост и борбата против говорот на омраза.

Потпрограми во рамките на оваа програма се: Приватност и сигурност, Слобода на изразување и Права на пристап за сите.

gg

Добро владеење

Добро владеење е начинот на кој јавните институции се справуваат со јавните прашања и управуваат со јавните средства. Владеење е процесот на донесување одлуки и процесот во кој одлуките се имплементирани или не се имплементирани.

(more…)