Целта на работилницата беше да се оформат механизми за подигање на свеста на населението за правилното управување и придобивките од е-отпад, со што преку повеќечасовно дебатирање на учесниците на работилницата се донесоа неколку значајни заклучоци:
- Да се информира населението преку локалните медиуми за состојбата и придобивките од е-отпад
- Да се ангажира фирма за преземање на е-отпад во Североисточниот регион, поточно Кратово, Крива Паланка, Пробиштип, Ранковце и Куманово
- Да се оформат пунктови за собирање на е-отпад во градовите
- Да се направи контакт со постојните регистрирани фирми во РМ за собирање и откуп на е-отпад
- На третата работилница што ќе биде организирана во рамките на овој проект да се донесе на увид Законот за е-отпад во РМ и да се дебатира по него. Тема на работилницата да биде: „Создавање соодветни мерки за правилно раководење и употреба со е-отпад во Кратово и регионот “, да бидат поканети претставници од Јавното комунално претпријатие, општина Кратово, Регионалниот државен инспекторат за животна средина, НВО и бизнис секторот и локалното население.
Сподели: