Ставени се во функционална употреба брзите канали за комуникација на новинарите/медиумите со институциите надлежни за одредени области кои се од интерес на граѓаните. Преку платформата WhatsApp новинарите ќе можат директно да поставуваат прашања; да проверуваат факти за одередени објавени информации; да консултираат експерти од соодветните области, со цел да се избегнат дезинформации и медиумски манипулации на јавноста.
Областите/темите за кои новинарите ќе можат да поставуваат прашања и да покренуваат иницијативи се:
- Ковид-19
- Попис
- Интеграции
- Животна средина
За секоја од горенаведениве теми новинарите ќе можат да постават прашања и да добијат навремена, точна и проверена информација потврдена од од релевантни извори и/или експерти.
Иницијативата има за цел да ја олесни работата на новинарите и медиумските работници во однос на пристапот, добивање и размена на брзи проверени информации.
Доколку вашиот медиум е заинтересиран да се вклучи во која било од групите, ве молиме да пишете меил до violeta@metamorphosis.org.mk со следниве информации:
- име на медиумот;
- име и презиме на назначениот претставник/чка од вашата редакција за соодветната група;
- негов/нејзин број на мобилен телефон што ќе биде во употреба за комуникација и
- група/групи за кои го пријавувате новинарот.
Заради веродостојна и професионално и комуникација, назначените претставници треба да се вработени во медиумите кои се членови на Про-медиа Регистарот на професионални медиуим.
За да се постигне брза, професионална, ефикасна интерактивна комуникација, тимот на проектот подготви правила при меѓусебното комуницирање. Подолу ПДФ документ со правилата за меѓусебна комуникација.
Правила за користење/комуникација во Whatsapp групите за комуникација меѓу новинарите и институциите
Сподели: