Алити: Процесот на реорганизација на државната администрација се очекува да заврши во 2024 година

Во интервју за Порталб.мк, министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, зборува за процесот на реорганизација на јавната администрација во Северна Македонија, за неодамнешните сајбер напади на веб-страниците на министерствата, дигиталната агенција и дигиталниот идентитет. Според него, процесот на реорганизација на администрацијата се очекува да заврши во 2024 година. Алити вели дека работат на стратегијата за дигитализација на сите институции, со посебен акцент на електронскиот идентитет што ќе им овозможи на граѓаните да се потпишуваат онлајн без да мораат одат на шалтерите за да се регистрираат за нивните услуги.

Порталб: До каде е процесот на реорганизација и оптимизација на јавната администрација и кога се очекува да заврши?

Алити: Во однос на реорганизацијата на јавните институции, тоа е процес кој штотуку го започнавме и моментално се пилотира во три министерства, меѓу кои Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за економија и Министерството за земјоделство.

Тоа значи дека досега наши и меѓународни експерти работеа на анализа на институциите и ги категоризираа тие кои се непотребни, кои имаат иста дејност и кои треба да се спојат. Тие ги категоризираа сите институции и за тоа под кои министерства треба да бидат, во смисла дека комуникацијата меѓу институциите, министерствата и потоа Владата да биде поефикасна.

Се очекува пилотирањето да се одвива оваа и следната година, додека целиот процес на реорганизација мора да започне од 2024 година, тоа значи дека во 2024 година, како министерство и како Влада нашите очекувања се сите институции, дирекции да бидат во рамките на некое министерство, а дирекциите и институциите што треба да се затворат, до тогаш ќе бидат затворени.

Порталб: Со текот на годините секоја влада ветува намалување на бројот на вработени во јавната администрација и нејзина департизација, што направивте Вие, во овој правец, додека сте на оваа функција?

Алити: Пред две недели поставивме три закони, а меѓу нив е и законот за вработените во јавниот сектор. Таму ги воведовме механизмите кои се во насока на департизација на институциите, поточно во воведување механизми кои потврдуваат дека вработувањата ќе се засноваат на меритократија.

Тоа значи во институциите да се вработуваат најдобрите кандидати. Што се однесува до големиот број вработени во јавниот сектор, вреди да се истакне и секојпат го споменуваме, вработени во централната јавна администрација, што значи во министерствата и институциите кои се под раководство на владата, се близу 13 илјади вработени, што е околу 10% од јавниот сектор. Најголем дел од вработувањата во јавниот сектор, поточно вишокот вработени во јавниот сектор, е во јавните претпријатија со кои раководат општини до кои ние како Влада немаме директен пристап, како и во секторите образование и здравство.

За ова е потребен посеопфатен пристап на Владата. Ние со законите што ги воведуваме како МИОА сакаме да направиме промени за индиректно да влијаеме и таму да нема премногу вработувања. Во моментов, она што граѓаните треба да го знаат е дека најголемиот број вработувања се во дирекциите и институциите со кои раководат самите општини. Општините веќе имаат автономија во одлучувањето во овој поглед.

Порталб: Која е пречката да не се изгласа Законот за виша служба во администрација?

Алити: Не, нема причина, нема блокада. Тоа е процес и дел од процесот подразбира дека ние како Влада и министерство промовираме инклузивен процес, што пак значи дека ги слушаме сите страни. Досега освен работниците од Министерството за здравство, и експертите на Сигма се тие кои нè поддржуваат за овој закон и за слични закони.

Нормално се консултираме и со засегнатите страни кои се во други министерства и генералниот секретаријат, консултациите значат дека имаме различни мислења и се трудиме најдобрите мислења да ги направиме дел од законот. Во моментов имаме нацрт верзија на тој закон. Сега сме во процес каде сакаме да добиеме поддршка и консензус од сите политички чинители, вклучително и од власта и опозицијата.

Ќе има и јавни дискусии каде невладиниот сектор и останатите ќе имаат можност да се вклучат и потоа ќе го пратиме до Владата и Собранието. Процесот се одвива тековно, но сме во фаза на финализација на сите членови од овој закон.

Порталб: До каде е процедурата за формирање на Агенцијата за дигитализација?

Алити: Дигиталната агенција, но и Агенцијата за сајбер безбедност е во контекст на реорганизација на институциите, бидејќи делот на реорганизацијата на институциите подразбира дека ако Владата утврди дека треба да додадеме институција што недостасува, треба да се додаде.

Затоа, во пилот фаза во рамките на МИОА, планиравме да имаме Дигитална агенција која ќе биде одговорна за дигитализација на институциите, но и Агенцијата за сајбер безбедност која ќе има задача да ги спречи нападите кои се случуваат во државните институции. Нашите очекувања се во рок од најмногу две години да ги имаме овие две агенции.

Во моментов делот за дигитализација е делот што го прави МИОА, имаме платформи кои ги користат повеќе институции. Концептуално, лошо е што министерството е и субјектот што ги носи законите за дигитализација, но има и оперативна одговорност. Во моментот кога ќе ја имаме Дигиталната агенција, значи дека министерството ќе работи во делот на законодавството, додека Агенцијата ќе ги спроведува политиките и стратегиите кои произлегуваат од МИОА.

Порталб: Дали е завршена процедурата за дигитализација на матичните книги?

Алити: Матичните книги имаат некои услуги кои ги даваат преку платформата за е-услуги на нашето министерство, исто така нивните услуги се обезбедуваат во центрите за услуги на некоја точка за услуги, но не сите услуги. Со Управата за водење на матичните книги создадовме заедничка работна група која врши анализа. Очекуваме во текот на овие месеци да дојде со финализирање на акционен план за тоа кои услуги и кога треба да ги дигитализираме. Ние како МИОА сме тука да ги поддржиме да ги дигитализираат услугите што тие им ги даваат на граѓаните.

Порталб: Кога граѓаните на РСМ ќе имаат дигитален идентитет, има ли нешто конкретно на овој план?

Алити: Работиме и во оваа насока, не би сакал да шпекулирам за некој датум бидејќи тоа е посеопфатен процес во кој се вклучени и МВР и други институции. Работиме и како министерство и на ниво на влада заедно со други колеги – министри.

Пред извесно време го основавме и Советот за дигитализација на министерско ниво, каде дел од министрите се министерот за внатрешни работи, за финансии и јас како министер на МИОА. Ја креираме Стратегијата за дигитализација на сите институции, со посебен акцент на електронскиот идентитет што ќе им овозможи на нашите граѓани да можат да се пријават онлајн без да мораат да доаѓаат на шалтерите за да се потпишат за нивните услуги.

Порталб: Во изминатиот период беа хакирани некои веб-страници на министерства и следствено на тоа биле украдени податоци, колку нашата земја е заштитена од ваквите напади и дали се знае нивното потекло?

Алити: Во моментов прашањето за веб-страниците е децентрализирано меѓу различни министерства. Тоа практично значи дека секое министерство одржува сопствена веб-страница. Во последниот случај тоа беше Министерството за образование, а тие самите се одговорни за таа веб-страница. Ние како министерство имаме советодавна улога, но не сме и во улога на нејзино одржување.

Како МИОА направивме проект за унифицирање на сите веб-страници, но во моментов само Министерството за економија се приклучи на иницијативата, тие се сега во нашиот систем. Идејата е за кратко време сите министерства но и Владата да бидат дел од таа програма, во тој случај ние како министерство знаеме дека сме одговорни за одржување но и за безбедноста на сите веб страници на министерствата.

Порталб: Кога се очекува да заврши целиот овој процес?

Алити: Технички процесот го имаме завршено, сега сме во фаза кога на министерствата им велиме да бидат дел од унифицираните веб-страници. Тоа практично значи дека треба да ги пренесат сите податоци што ги имаат на постојните страници на овие унифицирани страници кои ги имаме како платформа како министерство.

Интервјуираше: Фисник Џелили

Линк до оргиналната објава: Алити: Процесот на реорганизација на државната администрација се очекува да заврши во 2024 година | Meta.mk

Сподели:

36601
meta tim sliki-02.jpg

Фисник

Џелили

Новинар

Останати блог текстови

„ЗОШТО Е ВАЖНА ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА ВО РСМ? ДАНИЛОВСКА: ПРИДОБИВКИТЕ СЕ ОГРОМНИ...“ - KDPolitik.com

22.11.2022

“Придобивките за граѓаните од користењето на електронски услуги, наместо да ги чекаат на шалтер, се бројни…” истакнува Јосифовска Даниловска. Shkruan: Enis Shaqiri Пишува: Енис Шаќири Дигитализацијата и дигиталната трансформација во последните години се меѓу главните приоритети за Владата на Република Северна Македонија и единиците на локалната самоуправа. Според анализата на Фондацијата „Фридрих Нojmан“ и „Метаморфозис“ […]

Со отворање на изложба, започна иницијативата „Проѕирниот човек“ на Гете-институтот и Фондацијата „Метаморфозис“

25.10.2022

Фото: Meta.mk. Со отворање на интерактивната изложба „What the future wants“ во Јавна соба во Скопје денеска беше означен почетокот на иницијативата „Проѕирниот човек“ која ја спроведува Гете-институтот Скопје во соработка со Фондацијата „Метаморфозис“, со цел промовирање на медиумските и информативните вештини на помладата генерација и нивната околина – родители, наставниците и сите други заинтересирани […]

Петровска од УВМК: Дигитализацијата на матичните книги се очекува да биде целосно завршена до крајот на 2023 година

03.10.2022

Кристина Петровска фото: Порталб.мк Кристина Петровска од Управата за водење на матичните книги во интервју за Порталб.мк зборува за дигитализацијата на матичните книги, сертификатите со неточни податоци, како и за електронските услуги на оваа институција. Таа вели дека до крајот на 2023 година се очекува да заврши дигитализацијата на сите матични книги. Колкав е процентот […]

Меркочи од „Доста е“: Дигитализацијата на јавните услуги во Албанија го зголеми нивниот квалитет

28.09.2022

Алдо Меркочи, фото: Фисник Џелили/Порталб.мк Современиот предизвик со кој се соочуваат земјите на Западен Балкан е дигитализацијата на јавните услуги. Албанија во споредба со другите земји од регионот води во овој процес. Дигиталната револуција на Албанија што започна во 2013 година, тогаш вклучуваше само 14 електронски услуги, додека денес опфаќа 1.225. Преведено во проценти, ова […]

Канцелариите на пратениците за комуникација со граѓаните затворени кога треба да работат

24.09.2022

Фото: Порталб Граѓаните треба да ги бараат насекаде вработените во Канцелариите за контакт со граѓаните, кои се ангажирани на одредено работно време, за да обезбедат комуникација меѓу пратениците и граѓаните. Порталб.мк посети 4 канцеларии на различни локации, и тоа во Тетово, Чаир, Карпош и Шуто Оризари за да се види одблиску како функционираат. Според она […]

Државни органи без интернет-страници, без социјални мрежи и со портпароли „на одмор“

23.09.2022

фото: Glenn Carstens-Peters на Unsplash Варира нивото на транспарентност и отчетност кое го достигнуваат државните институции во однос на комуникацијата со јавноста. Дел од македонските државни органи котираат високо на листата на отчетни институции, дури и се рангирани најдобро во регионот, а други се на самото дно на истата листа, речиси сосема недостапни за граѓаните. […]