“Истражувачка сторија: Аспектите за кои треба да се има многу внимание: Безбедноста и приватноста на електронските услуги во РСМ (IV)” – Порталб.мк

Безбедноста на интернет е еден од најголемите предизвици со кои се соочува современиот дигитален свет. Напредокот на технологијата и нејзиното вклучување во секој сегмент на функционирање на општеството и државните системи, го носела со себе и ризикот да преку сајбер напади, одредени структури или групи да стигнат до податоците или информациите, кои се суперсилна артилерија за да се придобие/ предизвика голема штета/големи придобивки, како од финансиски така и од политички аспект.

Според податоците објавени од Евростат, во 2019 година, 33 проценти од граѓаните на Европската унија на возраст од 16 до 74 години имале проблеми со инциденти поврзани со безбедноста на интернет.

Според Индексот на националната сајбер безбедност (NCSI) кој што мери повеќе од три четвртини од светските проценки за сајбер безбедност на земјите од светот, првите десет земји најдобро подготвени против сајбер напади се Грција, Чешка и Естонија, Литванија, Шпанија, Хрватска, Франција, Финска, Данска и Холандија. Северна Македонија е рангирана на 63-то место, или од европските земји, е во подобра позиција само од Црна Гора и Албанија.

Додека најразвиените европски земји се соочуваат со овој феномен, Северна Македонија очигледно не може да биде имуна на сајбер напади, иако досега не е слушнато за какви било сајбер напади од посериозни размери, или за кражба на податоци од државни платформи кои имаат информации за граѓаните и кои обезбедуваат електронски услуги за граѓаните на Северна Македонија.

За време на последните парламентарни избори од 15 јули, непозната група под пресвдонимот „Анонимуси“ ја блокираше веб-страницата на Државната изборна комисија каде се објавуваа изборните резултати, точно на денот на изборите. Граѓаните со денови немаа официјални информации од Комисијата. Паралелно, тие ја блокираа и веб-страницата на Министерството за образование, здравство, но и агрегаторот на вести Тајм.мк. И претходно имало напади на ова ниво, меѓутоа кој стои позади нив и ден денес не е познато.

Бардил Јашари

Експертот за информатичка технологија (ИТ), Бардил Јашари, смета дека успехот на електронските услуги зависи токму од подготвеноста на институциите кои ги даваат овие услуги да ги спречат и елиминираат бројните потенцијални закани, почнувајќи од едноставни акти на информатичка пиратерија (хакирање) до најсериозните напади – сајбер тероризам.

Во Македонија, вели тој, малкуте услуги што се обезбедуваат по електронски пат се релативно безбедни, иако не на совршено ниво, бидејќи тоа не е можно.

„Нема систем кој е 100 отсто безбеден, па така и електронските услуги никогаш не можат да бидат 100 отсто безбедни, но тоа не значи дека не треба да ги користиме и дека не треба да бараме што е можно повеќе електронски услуги затоа што тоа ја прави нашата работа многу полесна и поефикасна (не губиме време чекајќи на шалтерите). Исто така, треба да се прават постојани напори за зголемување на безбедноста на услугите и тоа се прави само доколку ние корисниците/граѓаните бараме и користиме поквалитетни услуги. Во Македонија, малкуте услуги што се обезбедуваат по електронски пат се релативно безбедни и не сме слушнале за сериозни проблеми со која било од понудените услуги“, вели Јашари.

Она што често недостасува, според него, се јасните протоколи за безбедност во надлежните институции, јасни упатства за употреба на понудените услуги, како и политики за приватност, што би ја зголемило довербата а истовремено и користењето на електронските услуги.

„Трите главни механизми што ја обезбедуваат основата за безбедноста на електронските услуги вклучуваат автентикација (потврда на идентитет), контрола на пристапот до одредени податоци и услуги и ревизија (во текот на овој процес се собираат податоци за активноста на системот за време на употребата на услугата). Во сите три механизми треба многу да се работи во сите институции и на сите нивоа, особено во електронските услуги што ги нудат општините на локално ниво, кои ја немаат соодветната техничка подготвеност, но и потребното знаење за обезбедување на безбедни електронски услуги“ – вели Јашари.

Елена Стојановска

Од друга страна, експертот за заштита на личните податоци, Елена Стојановска, во една анализа за Порталб.мк, проценува дека зголемениот тренд на обезбедување на што повеќе услуги на државните институции за граѓаните по електронски пат, покрај тоа што бара континуирано следење на технолошкиот развој, унапредување на знаењето и промена на навиките на граѓаните, бара прецизно пронаоѓање на мерки за заштита на личните податоци на граѓаните.

Според неа, повеќето електронски услуги во земјата немаат транспарентна, или лесно достапна политика за приватност.

„Различни институции на различни начини ги прават нивните услуги достапни за граѓаните, па со самото тоа е неизбежно да се бараат различни модели на воспоставување систем за заштита и безбедност на личните податоци. Заедничко за повеќето актуелни е-услуги во моментов е недостаток на транспарентност или слободен пристап до политиката за приватност“ – вели Стојановска.

Целосната анализа можете да ја прочитате: ТУКА

Оваа истражувачка сторија е изготвена како дел од проектот Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА, ко-финансиран од Европската Унија и спроведуван од Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), ЦРТА- Центар на истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово).

Оваа истражувачка сторија е изготвена со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината од оваа истражувачка сторија е единствена одговорност на Фондација Метаморфозис и авторот и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европската Унија.

Сподели:

29349
meta tim sliki-02.jpg

ICEDA

Останати блог текстови

Форумот за управување со интернетот во Јапонија повика на заеднички напори во изградба на интернет што ги зајакнува сите луѓе

02.12.2023

Колумна за Форумот за управување со интернет во Кјото од Бардил Јашари, Извршен директор на фондацијата „Метаморфозис“ Форумот за управување со интернетот (IGF) е една од најважните платформи кога станува збор за интернет-политики. Под покровителство на Обединетите нации, форумот служи како годишна платформа, овозможувајќи им на најразлични засегнати чинители да дискутираат за тековни и идни […]

КАКO ДА СЕ (ПРЕ)ЖИВЕЕ ВО ОПШТЕСТВО ПРЕПЛАВЕНО СО ОМРАЗА НА ИНТЕРНЕТ?

14.11.2023

Слика од Freepik Еден од поголемите предизвици кога како квир активист(к)и се обидуваме да ја покренеме јавната свест и институционалната волја за нашите секојдневија е да се остане смирен, здрав, а и безбеден гледајќи директно во очи на енормното ширење на говор на омраза кон нас и нашите заедници. Изминатиот период како и секоја година […]

Говорот на омраза на интернет, особено кон жените, не се санкционира во земјава – Новинска агенција Мета.мк

13.11.2023

Во Северна Македонија, родово-базиран говор на омраза се среќава на социјалните мрежи, главно во коментарите и статусите на Фејсбук, особено во објавите на страниците на онлајн порталите. Најтаргетирани се жените, кои најчесто се на јавни функции, јавни лица, новинарки, инфлуенсерки, но и обични граѓани Фото илустрација: Порталб.мк Во Северна Македонија, случаите на говор на омраза […]

Одење по жица: Балансирање помеѓу слободен говор и говор на омраза

10.11.2023

Слободното изразување е суштинска основа на едно демократско општество. Неможноста на државата да го ограничи ова право, без „оправдана причина“, е показател за степенот на демократска зрелост на едно општество. Правото на слободно изразување е загарантирано со низа меѓународни правни акти, кои Северна Македонија ги има ратификувано, што значи дека ја презела обврската да го […]

“Вештачката интелигенција да превенира говор на омраза онлајн, но да не ја спречува слободата на говор” – Новинска агенција Мета.мк

10.11.2023

Во битката меѓу престапниците како креатори и вештачката интелигенција како превентивен механизам, од суштинско значење е да не настрада слободата на изразување Фото: cottonbro studio: https://www.pexels.com/photo/person-in-white-long-sleeve-shirt-using-macbook-air-5077038/ Моделите на вештачка интелигенција (ВИ) напредуваат и имаат можност да откријат говор на омраза онлајн, а со тоа превентивно да влијаат врз неговото ширење особено преку водечките социјални мрежи, […]

Секој министер се пофали и се сликаше за проектот „Една точка за услуги“, но тој никогаш не успеа - Мета.мк Новинска агенција

28.04.2023

Колаж од посетите на владините функционери во канцелариите „Една точка за услуги” / Фото: Државни институции Канцелариите „Една точка за услуги“ кои беа отворени во Скопје, Куманово, Охрид, Битола и во Тетово со цел граѓаните да му кажат „збогум“ на чекањето на шалтерите, ќе бидат затворени и на нивно место ќе бидат отворени 333 шалтери […]