Справување со предизвиците за подобрување на свеста за сајбер безбедност

Дијапазонот на закани во интернет просторот е огромен и нема тенденција на намалување. Новите технологии со нивната различност во структурата придонесуваат за континуирано појавување на нови ранливости, а со тоа и нови закани по приватноста, доверливите материјали и достапноста на сервисите.

Во такви услови, сите корисници на информатичките технологии мора да размислуваат како да го подобрат разбирањето и односот кон безбедното користење на овие информатички технологии. Покрај техничките мерки за зголемување на безбедноста на информациите, кои се проследуваат во нивната инфраструктура, неминовна е и обука на сите лица во разбирање на заканите кои би се појавиле од работата со информатичките уреди, особено преку развој на свест за заканите во сајбер просторот.

Техничките мерки во голем обем придонесуваат за заштита на нашите податоци, овие мерки се прецизни, навремени, обемни и одлично реагираат кога се добро управувани. Но, човечкиот фактор не е исклучен од влијанието врз овие технички мерки. Во имплементацијата на ефективна сајбер безбедност, голема улога имаат човечките доблести и маани. Токму мааните се тие кои можат да придонесат за појава на ранливости ѝ во совршено дизајниран технички систем, наменет за заштита на информациите во сајбер просторот. Поговорката „Синџирот е онолку силен, колку што е силна неговата најслаба алка“ најдобро ја отсликува потребата за постојаното подобрување на свеста за безбедна работа во сајбер просторот.

При работа на информатичките уреди луѓето имаат навики кои ги реализираат по инерција, скоро како условен рефлекс на содржината која ја гледаат. Поради тоа, несвесно се отвораат злонамерни електронски пораки, се кликаат злонамерни линкови на веб страни и се споделуваат содржини кои инаку би требало да останат приватни. Ваквото однесување ги прави ранливи на заканите во сајбер просторот. Тенденцијата на промени на навиките кај луѓето не се реализира преку ноќ. Покрај времето за надминување на проблемите, потребни се плански мерки и активности кои би резултирале со зголемување на свеста за заканите во сајбер просторот. Во зависност од потребата и условите за реализација мерките и активностите можат да се преземаат на краткорочни и долгорочни рокови, а се со цел за зголемување на свеста за безбедност во сајбер просторот.

Преминувањето во информатичко општество, со целосна интеграција на дигитализација во истото, подразбира подготовка на институциите, бизнисот и граѓаните за живот и работа во рамките на тоа општество. Образовниот процес е еден од столбовите на таа трансформација и истиот, во подготовката за успешно функционирање на дигитално поврзаниот свет, треба да опфати и подготовка за заштита од заканите во тој свет. Образовниот процес во рана школска возраст на децата, преку практични примери може да ги посочува заканите кои демнат на интернет, како што се лажно претставување, кражба на податоци, инсталација на злонамерни програми, дезинформации и сл. Веќе кај повозрасните деца мора да се опфати обука за препознавање и справување со сајбер булинг, финансиски измами, сајбер предатори, секс тортура, објавување на содржина која во иднина ќе им предизвикува проблеми и сл.

Секако дека успешната соработка на институционално ниво во една државата сериозно би влијаела врз развојот на свеста за заканите во сајбер просторот. Соработката мора да опфати конкретни активности помеѓу државните органи (министерства, агенции), органите на локално ниво, образовните институции, како и невладиниот и приватниот сектор, со цел да се обезбеди што е можно поквалитетна континуирана обука на граѓаните. Во таа насока, а со реализација на различни работилници, вежби, семинари и конференции, може да се зголеми свеста за заканите во сајбер просторот и да се подобри соработката на институционално ниво за справување со тие закани. Ваквиот пристап го намалува јазот помеѓу институциите, овозможува формирање на мрежи на контакти, ја подобрува размената на информации и ја јакне меѓусебната доверба кај персоналот. На тој начин се формира поцврста (интегрирана) институционална инфраструктура која знае да препознае закана во сајбер просторот и преземе мерки за отстранување на истата.

Земајќи во предвид дека над 82% од луѓето во Република Северна Македонија се корисници на некоја од социјалните мрежи, јасно е дека истите се најподложни на закани во сајбер просторот токму преку овие платформи. Социјалните мрежи се рекламираат како пријателски и забавни мрежи кои треба да овозможат лесен и едноставен начин за комуникација, размена на слики/видеа и новости. Ваквата отвореност и лесен пристап придонесуваат голем број луѓе неспремни да се приклучат на социјалните мрежи. Во таков случај без претходни познавања на платформите лесно се споделуваат приватни и доверливи информации кои доколку завршат во погрешни раце можат лесно да бидат злоупотребени. Но, корисниците стануваат подложни и на кампањи исполнети со дезинформации многу често во политички цели. Поради тоа, како што социјалните мрежи дозволуваат едноставно приклучување во нивните платформи, треба да имаа и едноставен интерфејс за обука на новите корисници во последиците од користењето на социјалната мрежа. Тие треба да овозможат брзо и интуитивно управување со информациите кои се поставуваат/споделуваат на мрежната платформа.

Медиумски кампањи се одличен начин за задржување на фокусот врз проблемите кои се појавуваат во сајбер просторот. Било да се наменети за деца, млади или возрасна генерација, медиумските кампањи можат да придонесат во задржување на вниманието и континуитет во справувањето со заканите во сајбер просторот. На овој начин, директно, преку кампањи кои прикажуваат мерки за отстранување на заканите во сајбер просторот, а и суптилно, преку постојано известување за воочени проблеми, може да се одржува свеста за ризиците во сајбер просторот.

Нема сомневање дека развојот на информатичкото општество ќе ги обновува старите, но и ќе носи нови посовремени закани во сајбер просторот. Справувањето со тие закани претставува комплексен проблем кој треба да опфати различни ентитети и секако нивни аспекти. Свеста за заканите во сајбер просторот мора да стане дел од нашето секојдневие, мора да живееме со тоа, да ги забележуваме заканите и преземаме мерки за нивно управување.

Оваа статија е поддржана од страна на Фондацијата Метаморфозис и Techsoup. Гледиштата изразени во оваа публикација се на авторот и не ги одразуваат секогаш гледиштата на Фондацијата Метаморфозис и Techsoup и C3I.

Текстот е преземен од: Cyber Security, Corporate Security and Crisis Management Initiative

Сподели:

28926
meta tim sliki-02.jpg

м-р

Гоце

Стеваноски

Авторот е магистер на информатички науки – компјутерско инженерство, работи во областа на сајбер безбедност, компјутерски мрежи, телекомуникации и систем администрација, а воедно и член на C3I.

Останати блог текстови

Секој министер се пофали и се сликаше за проектот „Една точка за услуги“, но тој никогаш не успеа - Мета.мк Новинска агенција

28.04.2023

Колаж од посетите на владините функционери во канцелариите „Една точка за услуги” / Фото: Државни институции Канцелариите „Една точка за услуги“ кои беа отворени во Скопје, Куманово, Охрид, Битола и во Тетово со цел граѓаните да му кажат „збогум“ на чекањето на шалтерите, ќе бидат затворени и на нивно место ќе бидат отворени 333 шалтери […]

Заштита на вашиот дигитален идентитет: Важноста на „сајбер хигиената“

25.04.2023

Во денешното дигитално доба, поважно е од кога било да преземете чекори за да се заштитите од сајбер заканите. Од вируси и малициозен софтвер па сѐ до измами со фишинг и кражба на идентитет, има многу ризици кои можат да ги компромитираат вашите лични информации и да направат хаос на вашите уреди. Затоа практикувањето добра […]

Комуникација со граѓаните за дигиталната трансформација– важен придонес за премостување на јазот

24.04.2023

Дигиталната трансформација ги менува нашите животи на начини што не можевме да ги замислиме дури ни пред неколку децении. Таа донесе нови можности и предизвици и го трансформира начинот на кој живееме, работиме и комуницираме меѓусебно. Сепак, комуникацијата со граѓаните за дигиталната трансформација може да биде предизвик, особено на Западен Балкан, каде што сè уште […]

Институциите како причина за нарушувања на приватноста во медиумите

19.04.2023

Дури и ако надлежните државни органи откријат приватни податоци на сторител или жртвата, медиумите не смеат да ги пренесуваат тие информации. Грешка од страна на државните органи не значи „дозвола“ за прекршување на етичките начела на професијата. Ова го вели Етичкиот кодекс на српските новинари, но медиумската практика често е сосема поинаква. Зошто е тоа […]

„АДА“, дигиталниот асистент базиран на вештачка интелигенција кој ќе им дава информации на граѓаните за државната помош - Мета.мк Новинска агенција

10.04.2023

Дигиталниот асистент „АДА“; Фото: Влада на РСМ Инвеститорите и граѓаните ќе можат да добиваат информации за програмите за државна помош на Владата на РСМ преку првиот дигитален асистент „АДА“ кој е базиран на вештачка интелигенција. Вака информираат од Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), по […]

Употребата на вештачката интелигенција во државните институции е корисна, но опасна е ако се злоупотреби - Мета.мк Новинска агенција

09.04.2023

Фото: Pixabay.com Користењето на вештачката интелигенција во јавниот сектор би помогнало да се зголеми квалитетот на услугите, да се заштеди времето и парите на граѓаните, но и да се спречи корупцијата. Меѓутоа, ако вештачката интелигенција се користи нетранспарентно, последиците ги надминуваат придобивките. Ова го велат експертите за влијанието на вештачката интелигенција доколку се користи од […]