Истражувањето за дезинформациите и граѓанското општество ги потенцира големите демократски предизвици низ Европа

TechSoup, преку својата програма за дигитален активизам, објави четири сеопфатни извештаи за регионално мапирање кои ги осветлуваат критичките предизвици и итните потреби на граѓанските организации низ Европа.

Развиени со заеднички напори преку мрежата на партнери на TechSoup низ Централна и Источна Европа, овие извештаи обезбедуваат детален преглед на итните прашања со кои се соочуваат граѓанските организации во Западен Балкан, регионите на Црното Море, Балтикот и Вишеград.

Извештаите откриваат значајни наоди, меѓу кои:

  • Западен Балкан: граѓанските организации работат во услови на политичка нестабилност, етнички тензии и раст на дезинформации, сето тоа интензивирано со тековната војна во Украина.
  • Регионот на Црното море: корупцијата, политиката нестабилност и растот на дезинформациите со примарен извор од Русија ги поткопуваат демократските вредности и ги таргетираат ранливите групи, особено украинските бегалци.
  • Балтички регион: финансиските ограничувања и постојаните закани од дезинформации ја тестираат издржливоста на граѓанските организации во Летонија, Естонија и Литванија, нагласувајќи ја потребата за посилна регионална соработка и дигитална писменост.
  • Вишеградски регион: граѓанските организации во Унгарија и Словачка се соочуваат со силни политички притисоци и финансиска нестабилност надополнети со проруски дезинформации, додека граѓанските организации во Полска и Чешка се соочуваат со намалено меѓународно финансирање.

Извештаите се создадени како дел од Програмата за дигитален активизам на TechSoup и ја нагласуваат суштинската улога на граѓанското општество во одбраната на демократијата и социјалната кохезија низ Европа, особено во регионите под значителен политички и економски притисок. Наодите, исто така, ја нагласуваат потребата од зголемена финансиска поддршка, стратешка комуникација и меѓународна соработка за зајакнување на отпорноста на граѓанските организации.

„Нашите извештаи за регионално мапирање нудат витална слика на дезинформацискиот пејсаж во 13 земји, како и на предизвиците и можностите со кои се соочува граѓанското општество во Европа“, рече Даниел Мило, експерт за спречување на дезинформации, од TechSoup. „Овие сознанија, овозможени од нашата мрежа на партнери низ Централна и Источна Европа, се клучни за ефективно спротивставување на дезинформациите и поддршка на граѓанските организации во нивната мисија да ги промовираат демократските вредности“.

Целосните извештаи се достапни на веб страницата Hive Mind, главната платформа за учење на Програмата за дигитален активизам на TechSoup.

Извештајот за Западен Балкан е достапен тука.

Сподели:


                  
meta tim sliki-02.jpg

Истражувањето

за

дезинформациите

и

граѓанското

општество

ги

потенцира

големите

демократски

предизвици

низ

Европа

Останати блог текстови

Наша летна препорака за читање

29.07.2024

Кога се работи за летно читање повеќето би избрале лесни забавни содржини, но за оние кои се заинтересрани за нешто подлабоко имаме одлична препорака. „Миражот на вистината: комплексности и предизвици на дезинформациите во Западен Балкан“ е совршена лектира за оние кои сакаат да дознаат повеќе за пејсажот на дезинформациите во регионот. Публикацијата опфаќа теми како: […]

Мизогинија со еден клик

02.07.2024

Превод од германски јазик. Оргиналниот текст е достапен на следниот линк: Info Europa 2/2024 – “Navigieren durch die Datenflut” – IDM Клеветата и говорот на омраза се широко распространети на социјалните мрежи. Маргинализираните групи се особено често погодени од нив. Мила Јосифовска Даниловска и Деспина Ковачевска известуваат за родово базиран говор на омраза на интернет […]

Форумот за управување со интернетот во Јапонија повика на заеднички напори во изградба на интернет што ги зајакнува сите луѓе

02.12.2023

Колумна за Форумот за управување со интернет во Кјото од Бардил Јашари, Извршен директор на фондацијата „Метаморфозис“ Форумот за управување со интернетот (IGF) е една од најважните платформи кога станува збор за интернет-политики. Под покровителство на Обединетите нации, форумот служи како годишна платформа, овозможувајќи им на најразлични засегнати чинители да дискутираат за тековни и идни […]

КАКO ДА СЕ (ПРЕ)ЖИВЕЕ ВО ОПШТЕСТВО ПРЕПЛАВЕНО СО ОМРАЗА НА ИНТЕРНЕТ?

14.11.2023

Слика од Freepik Еден од поголемите предизвици кога како квир активист(к)и се обидуваме да ја покренеме јавната свест и институционалната волја за нашите секојдневија е да се остане смирен, здрав, а и безбеден гледајќи директно во очи на енормното ширење на говор на омраза кон нас и нашите заедници. Изминатиот период како и секоја година […]

Говорот на омраза на интернет, особено кон жените, не се санкционира во земјава – Новинска агенција Мета.мк

13.11.2023

Во Северна Македонија, родово-базиран говор на омраза се среќава на социјалните мрежи, главно во коментарите и статусите на Фејсбук, особено во објавите на страниците на онлајн порталите. Најтаргетирани се жените, кои најчесто се на јавни функции, јавни лица, новинарки, инфлуенсерки, но и обични граѓани Фото илустрација: Порталб.мк Во Северна Македонија, случаите на говор на омраза […]

Одење по жица: Балансирање помеѓу слободен говор и говор на омраза

10.11.2023

Слободното изразување е суштинска основа на едно демократско општество. Неможноста на државата да го ограничи ова право, без „оправдана причина“, е показател за степенот на демократска зрелост на едно општество. Правото на слободно изразување е загарантирано со низа меѓународни правни акти, кои Северна Македонија ги има ратификувано, што значи дека ја презела обврската да го […]