Забрзаниот дигитален развој и неговото влијание врз побарувачката на вештини за работа на Западен Балкан

Состојбата со појавата на Корона вирусот не само што ја забрза дигиталната промена, туку исто така ја зголеми и потребата за решавање на веќе постоечките проблеми, ако и креирање на нови политики во земјите од Западен Балкан.

Кога станува збор за дигиталната трансформација и нејзиното влијание врз пазарот на трудот, мислењата се разликуваат. Постои страв дека многу луѓе ќе останат без работа. Во исто време, дигиталните достигнувања носат нови можности за работа со зголемена продуктивност и овозможуваат ефикасни, ефективни и транспарентни јавни услуги.

Дигиталната трансформација е се повеќе приоритизирана и од јавниот сектор и од деловните субјекти (бизнисите), и тоа со добра причина. Во последниве години стана очигледно дека ако не ја прифатиме технологијата и доколку не ги прилагодиме соодветно своите вештини и навики, ризикуваме да останеме заборавени.

Дигитални вештини и дигитални компетенции

Низ годините, земјите од Западен Балкан се соочуваа со различни проблеми на пазарот на трудот во структурата на пазарот на трудот и стапките на невработеност. Многу фактори влијаат на иднината на работата, а дигиталните промени се меѓу најважните.

Влијанието на технологијата врз пазарот на трудот е доведено во прашање уште од почетокот на индустријализацијата. Сомнежот дали луѓето ќе изгубат работа или ќе се создадат нови работни места, го следи ова прашање. На Западен Балкан, постои одреденстепен на страв и отпор. Главната причина е што држењето чекор со технологијата што брзо се менува носи промена на долгорочните рутини. Исто така, постои потреба за посилно образование, промени во политиката и процедурите и, пред сè, постои неизбежен процес на постојана надградба на вештините. Генерацискиот јаз игра улога кога станува збор за навикнување на дигиталниот свет. Имајте на ум дека просечната работна сила на Западен Балкан е на возраст помеѓу 15 и 64 години.

Структура на работоспособното население (15-64) од Q2 2012 до Q2 2019 година, промена во % Извор: База на податоци на Портал за работни места во ЈИЕ, заснована на податоци дадени од националните статистички заводи и Евростат.

Според Извештајот за пазарот за 2019 година на Индексот за дигитална економија и општество (WB DESI), постои јаз меѓу дигиталните вештини во ЕУ и Западен Балкан. Овој јаз треба да се реши затоа што потребата за овие вештини е сè поголема.

Еден од клучните фактори за подобрување на бројот на работници способни да бидат во тек со дигитално ориентирана средина е да се зголеми нивото на дигитална писменост на регионално, но исто така и на национално и локално ниво.

Дигиталните вештини (познати како „нови економски вештини“) и дигиталните компетенции се меѓусебно поврзани, но не се исти. „Новите економски вештини“ претставуваат вештини вредни во новата економија водена од технологијата. Тие вклучуваат основни вештини поврзани со алатките, но исто така и вештини за решавање проблеми, вештини за креативност, вештини за продолжено учење итн.

Дигиталните компетенции, од друга страна, се поопширни и се дефинирани во рамките на Европската рамка за дигитални компетенции. Оваа рамка е корисна за самооценување кога станува збор за подготвеноста за влез во дигитално ориентираните пазари на труд.

Да се биде дигитално компетентен значи да се поседуваат одредени знаења, вештини и развиени ставови што овозможуваат да се има креативни и критички пристапи кон употребата на технологијата. Дигиталните компетенции ни помагаат да развиеме вештини што можат да се пренесат во широк спектар на ситуации потребни за различни типови на работни места.

 

Дали работните места исчезнуваат или се трансформираат?

Може да се тврди дека бевме принудени на промена кога започна дигиталната револуција.

Иднината на работните места е важна тема и многу студии укажуваат на позитивни и негативни резултати. Многу обврски навистина можат и ќе бидат заменети со ефикасна употреба на компјутери и машини. Од друга страна, некои индустрии се соочуваат со недостиг на вештини.

Зголемувањето на продуктивноста е една од главните придобивки од паметната употреба на дигитални алатки, па оттука, тие се предност. Наместо повисоки стапки на невработеност како резултат на дигиталното напредување, ние всушност сме сведоци на структурни промени. Може да се каже дека дигитализацијата ја поттикнува трансформацијата, а во однос на создавањето работни места, ја зголемува побарувачката за специјализирани професии. На пример, со зголемувањето на употребата на социјалните медиуми, покрај веќе постојните работни места поврзани со маркетинг, се појавија професии како што е менаџер на социјални медиуми.

Кога зборуваме за недостаток на потреба за одредени работни места на Западен Балкан, во Извештајот за трендовите на пазарот на трудот на ЗБ, 2020 се наведува дека автоматизацијата им се заканува на работни места со ниски вештини и дека нееднаквоста ќе стане уште поголема, доколку немаме соодветни активности за политики. Ова особено се однесува за луѓето со пониско образование, младите и луѓе кои немаат или не бараат развој на нови вештини на своите работни места. Заклучено е дека автоматизацијата нема да ја избрише потребата за овие работни места како такви, но ќе бара учење на нови вештини.

Она што исто така беше откриено како заедничко за сите земји од Западен Балкан е дека постои висок процент на работници кои поминуваат време во правење „рутински задачи“. Покрај тоа, само мал број бараат или се занимаваат со учење нови вештини. Сепак, се вели дека овие бројки варираат во зависност од степенот на образование.

Значи, наместо да се плашиме дека веќе постојните работни места ќе исчезнат, може да се каже дека волјата за промена на начинот на кој размислуваме е поголем предизвик. Развојот на вистинските вештини е првиот неопходен чекор за дигиталната транзиција, но исто така и можноста да се прилагодиме на брзите промени во работната средина.

Потребата за прилагодување

Една од главните карактеристики на технологијата е нејзиното брзо развивање. За вработените, ова значи дека постојано има нови ситуации што треба да се решат и постојано да се надоградува веќе постоечкиот начин на вршење на работите.

Исто како што ни требаат сите овие различни вештини поврзани со алатките, ние треба да ја развиеме и нашата свест и подготвеност за прилагодување и напредување на долг рок.

Еден од најголемите предизвици е да се направи оваа промена во нашиот образовен систем. Иако имаме пристап до мрежните платформи за самостојно учење, можноста да се прилагоди и прифати природата на брзите промени во дигиталниот свет треба да биде втемелена и во училишните и во пост-училишните системи во Западен Балкан.

Не е тајна дека институциите во нашите земји заостануваат со одговорите преку политики кога станува збор за промените на пазарот. Често сме сведоци на дисбаланс помеѓу законодавството и практиката.

Потребна е реконструкција и реформа на развивањето вештини на Западен Балкан. Исто така, потребно е и обезбедување на повеќе можности за учење за возрасните. Според истражувањето, мал број компании обезбедуваат обуки за своите вработени. Повеќето од овие постојни обуки се ориентирани на потребите на работното место наместо да им помагаат на работниците да градат способност за справување со предизвиците во иднина.

Од една страна, имаме генерациски јаз и отпорност на промена поради голем број долгогодишни работни места со рутински задачи, а од друга страна, имаме образовен јаз во кој сè уште нема подготовка на младите за предизвиците за пазарот на трудот кој брзо се менува.

Културите на компаниите заедно со јавниот сектор, генерално ги препознаваат овие предизвици, но сепак не обезбедуваат доволно можности, ниту простор за надградба на вештините на нивните вработени. Голем дел од оние што се подготвуваат да станат дел од работната сила треба да развијат способност за прилагодување.

Најважниот концепт што се чини дека треба постојано да се воведува е доживотно учење, бидејќи тоа оди рака под рака со промената на размислувањето што е потребно да се случи на Западен Балкан.

Изминатава година драстично влијаеше на брзината на дигиталната промена и промената на работното опкружување.

Бевме принудени на работата од далечина и флексибилни методи на работа, а фокусот на работата беше променет од процеси во едно темпо насочено кон постигнување резултати. Бевме сведоци на брз развој на софтвер, апликации, е-услуги и зголемена потреба за ИТ професионалци, додека многу традиционални работни места беа, и сè уште се соочуваат со сериозни проблеми.

Не постои точенн одговор дали сѐ повеќе луѓе ќе останат без работа или не, но она што е очигледно е дека луѓето во нашите земји ќе мораат да покажат волја за трансформација на начинот на работа и живеење и наместо да се плашат од губење вештини, тие ќе треба да прифатат нови.

Залагањето за дигитална писменост, зголемена видливост на проблемите поврзани со дигиталната агенда и зголемената побарувачка на граѓаните за квалитетни е-услуги се главните области опфатени со активностите на регионалниот проект „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ICEDA“, кој директно ќе влијае на нивото на е-подготвеност на целните земји од Западен Балкан.

 

Сподели:


                  
meta tim sliki-02.jpg

Забрзаниот

дигитален

развој

и

неговото

влијание

врз

побарувачката

на

вештини

за

работа

на

Западен

Балкан

Останати блог текстови

Форумот за управување со интернетот во Јапонија повика на заеднички напори во изградба на интернет што ги зајакнува сите луѓе

02.12.2023

Колумна за Форумот за управување со интернет во Кјото од Бардил Јашари, Извршен директор на фондацијата „Метаморфозис“ Форумот за управување со интернетот (IGF) е една од најважните платформи кога станува збор за интернет-политики. Под покровителство на Обединетите нации, форумот служи како годишна платформа, овозможувајќи им на најразлични засегнати чинители да дискутираат за тековни и идни […]

КАКO ДА СЕ (ПРЕ)ЖИВЕЕ ВО ОПШТЕСТВО ПРЕПЛАВЕНО СО ОМРАЗА НА ИНТЕРНЕТ?

14.11.2023

Слика од Freepik Еден од поголемите предизвици кога како квир активист(к)и се обидуваме да ја покренеме јавната свест и институционалната волја за нашите секојдневија е да се остане смирен, здрав, а и безбеден гледајќи директно во очи на енормното ширење на говор на омраза кон нас и нашите заедници. Изминатиот период како и секоја година […]

Говорот на омраза на интернет, особено кон жените, не се санкционира во земјава – Новинска агенција Мета.мк

13.11.2023

Во Северна Македонија, родово-базиран говор на омраза се среќава на социјалните мрежи, главно во коментарите и статусите на Фејсбук, особено во објавите на страниците на онлајн порталите. Најтаргетирани се жените, кои најчесто се на јавни функции, јавни лица, новинарки, инфлуенсерки, но и обични граѓани Фото илустрација: Порталб.мк Во Северна Македонија, случаите на говор на омраза […]

Одење по жица: Балансирање помеѓу слободен говор и говор на омраза

10.11.2023

Слободното изразување е суштинска основа на едно демократско општество. Неможноста на државата да го ограничи ова право, без „оправдана причина“, е показател за степенот на демократска зрелост на едно општество. Правото на слободно изразување е загарантирано со низа меѓународни правни акти, кои Северна Македонија ги има ратификувано, што значи дека ја презела обврската да го […]

“Вештачката интелигенција да превенира говор на омраза онлајн, но да не ја спречува слободата на говор” – Новинска агенција Мета.мк

10.11.2023

Во битката меѓу престапниците како креатори и вештачката интелигенција како превентивен механизам, од суштинско значење е да не настрада слободата на изразување Фото: cottonbro studio: https://www.pexels.com/photo/person-in-white-long-sleeve-shirt-using-macbook-air-5077038/ Моделите на вештачка интелигенција (ВИ) напредуваат и имаат можност да откријат говор на омраза онлајн, а со тоа превентивно да влијаат врз неговото ширење особено преку водечките социјални мрежи, […]

Секој министер се пофали и се сликаше за проектот „Една точка за услуги“, но тој никогаш не успеа - Мета.мк Новинска агенција

28.04.2023

Колаж од посетите на владините функционери во канцелариите „Една точка за услуги” / Фото: Државни институции Канцелариите „Една точка за услуги“ кои беа отворени во Скопје, Куманово, Охрид, Битола и во Тетово со цел граѓаните да му кажат „збогум“ на чекањето на шалтерите, ќе бидат затворени и на нивно место ќе бидат отворени 333 шалтери […]