mediumski-item-img-1.png

11.12.2015

Се одржа е-Општество.мк: Слобода и приватност на интернет

На 10 декември во Хотел Холидеј Ин во Скопје се одржа единаесеттата меѓународна конференција е-Општество.мк на тема: „Слобода и приватност на интернет“. Конференцијата ја проследија над 200 присутни гости, претставници од јавниот, приватниот и невладиниот сектор. Конференцијата ја отвори амбасадорката на Франција во Македонија, Н.Е. г-а Лоранс Оер, која нагласи дека во периодот пред избори […]

mediumski-item-img-1.png

02.12.2015

Единаесетта меѓународна конференција е-Општество.Мк „Слобода и приватност на интернет“

Фондацијата Метаморфозис и Меѓународниот Институт за човекови права и мир од Каен ја организираат меѓународната конференција е-Општество.Мк на 10 декември, 2015 г. во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје. Ова е 11-та последователна конференција е-Општество.Мк, а темата на овогодишната конференција е „Слобода и приватност на интернет”. Конференцијата ќе опфати теми како што се човековите права како […]

mediumski-item-img-1.png

13.11.2015

Одржана информативна сесија за софтверски донации за организациите на граѓанското општество во Косово

На 10 ноември 2015 г., Секретаријатот на платформата CiviKos во соработка со Фондацијата за граѓанско општество на Косово (KCSF) и Фондацијата Метаморфозис организираа информативна сесија за можностите за добивање софтверски донации преку програмата „Techsoup Balkans” за граѓанските организации од Косово. Претставниците на фондацијата Метаморфозис објаснија како организациите на граѓанското општество можат да добиваат софтверски донации […]

mediumski-item-img-1.png

13.11.2015

Open Data meetup со „Скопје 2014 под лупа“ во фокусот

Фондацијата Метаморфозис и Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН) одржаа Open Data meetup со претставници на граѓански организации и новинари на која беше претставена базата на податоци „Скопје 2014 под лупа“ од аспект на отворени податоци. Средбата се одржа во вторник, 10 ноември во просториите на Coffice со почеток во 17:30 часот.

mediumski-item-img-1.png

06.11.2015

Стоп за говорот на омраза врз основа на верско уверување!

Во текот на вчерашниот ден, на социјалната мрежа „Фејсбук“ беше забележано споделување на плакат со следниот текст: „Протест против исламизација на Крива Паланка, петок 6.11.2015, 13.30 Ч. Соларски мост“. На дното од плакатот, со црвено се пречкртани слики на пет исламски верски објекти, односно џамии. Платформата против говор на омраза, најстрого го осудува говорот што […]

mediumski-item-img-1.png

05.11.2015

Софтверски донации за организациите на граѓанското општество во Косово

Секретаријатот на Платформата ЦивиКос во соработка со Центарот на КЦФС и фондацијата Метаморфозис од Македонија организираат информативна сесија за можностите за добивање на софтверски донации од програмата „Тechsoup Balkans“, за организациите на граѓанското општество во Косово. Претставниците на фондацијата Метаморфозис ќе објаснат како организациите на граѓанскиот сектор можат да добијат софтверски донации и да им […]

mediumski-item-img-1.png

05.11.2015

Отворените податоци – заеднички интерес на граѓанските организации и медиумите

Неформалната средба на граѓански организации, новинари и заинтересирани граѓани за важноста на отворените податоци и за можностите за соработка ќе се одржи на 10 ноември (вторник) со почеток од 17:30 часот во просториите на Coffice. Фондацијата Метаморфозис и Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН) организираат неформална средба на граѓански организации, новинари и заинтересирани граѓани, каде што […]

mediumski-item-img-1.png

02.11.2015

Одржана обука „Слобода на изразување и приватност на интернет“ во Каен

Од 28 до 30 октомви 2015. во Каен, беше одржана обуката „Слобода на изразување и приватност на интернет“ наменета за едукатори кои работат со млади во Македонија и Франција.

mediumski-item-img-1.png

27.10.2015

Конференција „Стратегија на IFEX за 2015 година“

Осумнаесеттото Генерално собрание и конференцијата „Стратегија на меѓународната размена за слобода на изразување (IFEX)“ се одржаа во главниот град Порт оф Спејн на Тринидад и Тобаго на североисточниот брег на Венецуела. IFEX го зголеми бројот на своите членови од 88 на 104. Како еден од 104-те членови на IFEX, фондацијата Метаморфозис учествуваше со свој претставник […]

mediumski-item-img-1.png

27.10.2015

Најава: Обука „Слобода на изразување и приватност на интернет“ во Каен

Од 28 до 30 октомви 2015 во Каен, Франција, Меѓународниот институт за човекови права и мир од Каен и Фондацијата „Метаморфозис“ од Скопје ќе ја одржат обуката на тема „Слобода на изразување и приватност на интернет“. Обуката се спроведува во рамки на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија, со поддршка […]

mediumski-item-img-1.png

21.10.2015

Се одржа обука за медиуми против говор на омраза во Струмица

На 20 октомври во Струмица се одржа третата обука од серијата обуки за справување на говорот на омраза во медиумската сфера, првенствено наменети за уредници, новинари и администратори на веб-портали организирана од Фондацијата Метаморфозис и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.На оваа едно-дневна обука присуствуваа 25 претставници на медиумите како и локални медиуми кои ја пренесоа […]

mediumski-item-img-1.png

20.10.2015

Активисти протестираат со џиновски уши и око против владиниот надзор

Акцијата започна пред зградата на Владата и пред седиштето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, а активистите ја симулираа „работата“ на „големите уши и окото“. Целта на акцијата беше да се прикаже преку пародија како владините институции незаконски следеле повеќе од 20.000 граѓани, меѓу кои и стотици новинари и активисти на граѓанското општество, како што беше откриено со политичките „бомби“ објавени од опозицијата.