Дигитално раскажување приказни

„Дигиталното“ раскажување приказни се однесува на медиумот кој се користи за да се пренесе приказната. Дигиталните приказни едноставно се приказни кои се креирани и распространети со помош на дигиталните медиуми. Тие се вистинско, преживеано искуство на нејзиниот креатор – напишано, раскажано и илустрирано од лицето кое ја доживеало приказната.

Преку дигиталното раскажување на приказни им се овозможува на луѓето, кои немаат техничко познавање, со користење на информациско-комуникациски технологии да создадат видео со кое ќе ја прикажат своја приказна . Најчесто производот е 2-5 минутен филм кој е комбинација од наративен дел од лична приказна, проследен со фотографии и музика.

Процесот на креирање на дигитална приказна е составен од неколку чекори:

Чекор 1: Планирање на приказната
Првиот чекор се состои од избор на приказна која сакате да ја раскажете. Приказната треба да биле лично искуство коe ќе го споделите со другите и индиректно ќе им овозможите да ги доживеат работите кои ви се имаат случено вам. Добра приказна, кај гледачот предизвикува драматичен ефект, го насмејува, предизвикува страв, а е вистински погодок ако гледачот се пронајде во приказната.

Чекор 2: Пишување на сценариото
Вториот чекор се состои од финализирање на приказната, пишување на сценариото кое ќе биде нарација за приказната и почетната точка за дигиталната приказна.

Чекор 3: Креирање аудио од сценариото
Откако сценариото е напишано, потребно е креаторот да сними аудио во кое ќе ја чита финализираната приказна. Овие записи ќе бидат основа на приказната. Алатката која се користи за овој чекор е Аудасити (Audacity), апликација која е слободен софтвер и се користи за аудио обработка.

Чекор 4: Градење на приказната
По завршување на приказната и нарацијата, треба да се испланираат фотографиите кои ќе се појават во видеото. Фотографиите кои ќе се изберат не мора да бидат буквално она за што се зборува, може да се користи било каква илустрација за приказната. Избраните фотографии пред да се вметнат во видеото за приказната се обработуваат во апликацијата Гимп (Gimp).

Чекор 5: Изработка на видеото
Овој чекор побарува најмногу техничко познавање. Во него се импортираат сите графики и звуци во апликација за обработка на видео и се започнува со креирање на видеото за приказната. Во апликацијата се подредуваат сите графики во согласност со нарацијата, се додаваат ефекти и транзиции. Апликациите кои се користат за видео обработка се тешки за употреба од страна на корисник кој нема доволни технички познавања, па затоа апликациите кои се слободен софтвер  не се користат во овој дел. Се преферира користење на едноставни алатки како Виндоус Муви Мејкер (Windows Movie Maker) или пак Адоб Премиер Елементс (Adobe Premier Elements). Како варијанта која може да се користи на оперативниот систем Линукс е апликацијата Синерела (Cinelerra) .

Чекор 6: Завршување на видеото и негово споделување
По завршување на видеото, тоа се експортира и е подготвено за споделување. Често креаторите на дигиталните приказни не сакаат да ги споделат своите приказни онлајн или пак одлучуваат да го направат тоа под некој псевдоним. Постојат неколку специјализирани сајтови за споделување на дигитални приказни, а меѓу нив се Центарот за дигитални приказни и СториБокс.

Неодамна во Сараево се одржа обука за дигитално раскажување на приказни, во која учесниците беа оспособени за држење обука од овој тип. Фондацијата Метаморфозис учествуваше во оваа обука со две свои претставнички: Ирина Шумадиева и Елена Игнатова. Во иднина фондацијата Метаморфозис планира одржување на обуки во овој тип и нивно вклучување во своите идни активности.

Елена Игнатова

Сподели:

meta tim sliki-02.jpg

Дигитално

раскажување

приказни

Останати блог текстови

Препораките на ДКСК водат кон заробување на институциите

23.04.2025

Интервју со Данче Даниловска-Бајдевска, програмска директорка во Фондацијата „Метаморфозис“ Автор: Васко Маглешов Објавено на 23 април 2025 во 10:29 Антикорупциската комисија (ДКСК), минатата недела објави дека направиле антикорупциска проверка на шест закони, помеѓу нив, и на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, единствениот механизам, преку кој, новинарите и граѓаните бараат информации за […]

Измените во медиумското законодавство се проевропски само делумно

16.04.2025

Измените во Законот за медиуми кој е во фаза на второ читање во Собранието и го мина надлежниот комисиски филтер, има за цел, како што напишала Владата и надлежното министерство – да го исполни Патоказот за реформи во делот на Поглавје 23 и да изврши усогласување со европското закoнодавство, со тоа што овојпат ги вметнува […]

Изборно рекламирање и социјална инклузија: Медиумите треба да ги разобличат стереотипите, а не да ги репродуцираат

29.01.2025

Наместо да се претстават како активни учесници во општеството, маргинализираните групи од политичките актери се портретирани како жртви или лица кои имаат потреба од помош. Дополнително, медиумите ретко ги преиспитуваат политичките наративи, што доведува до репродукција на стереотипи. Недостатокот на капацитети и знаења за инклузивно информирање само ја влошува состојбата. прод. д-р Марина Тунева Социјалната […]

Татјана Хилшер-Богусевич: Властите да најдат поефикасни законски решенија за демократски избори, не треба да се занемарува застапеноста на жените

30.12.2024

Татјана Хилшер-Богусевич. Фотографија од Порталб За време на организирањето на демократски избори, еден од предизвиците со кои се соочуваат земјите кои имаат релативно нов демократски режим, особено земјите кои излегоа од комунистичкиот режим, е недостатокот на јасни надлежности и доволно ресурси на институциите за управување со изборите. Културата на воведување нецелосни измени на изборните закони […]

Д-р Сем Пауер: Парите во политиката се како вода, течат неконтролирано

03.12.2024

Парите во политиката се како вода, течат неконтролирано, можете да поставите брани, но тие ќе најдат пат околу браните и ќе дотечат онаму каде што нема препреки. Слично е и со парите за интернет порталите во изборните кампањи, поточно ако не е регулирано има проблем. Не постои држава навистина, каде било, која има контрола, дали […]

Пари за портали во изборна кампања – не се знае кој пишува, ама се знае кој плаќа

07.11.2024

Во второто истражување ја објавуваме базата на податоци со сите 150 интернет портали кои добиле државни пари од парламентарните избори, заедно со податоците за тоа која коалиција дала пари на секој од нив поединечно Фото: Колаж, Мета.мк Од вкупно 150 интернет портали кои добиле државни пари за рекламирање на партиските коалиции за парламентарните избори во […]