Сузбивањето на корупцијата е суштинско за зголемување на довербата во институциите, заштитување на демократијата, промовирање правичност и добро управување. Граѓаните ja препознаваат корупцијата како најголем проблем, а коруптивниот притисок и виктимизацијата се значително зголемени. Искористувањето на придобивките од дигиталните технологии може значително да ја унапреди транспарентноста и намали корупцијата.
Општа цел на проектот: Активно вклучување на заедницата за поголема отпорност на корупција на локално ниво.
Специфични цели на проектот:
- Унапредување на отвореноста на општините преку подобрена соработката помеѓу ГО и граѓаните со локалните власти.
- Активно вклучување на граѓаните во процесите на донесување одлуки преку иновативни дигитални алатки.
Целни групи:
- Единиците на локална самоуправа
- Граѓани и граѓански организации
Резултати:
- Зголемено граѓанско учество и зајакнато ГО во насока на подобрување на процесот на креирање политики и донесување одлуки.
- Зголемена граѓанска вклученост и доверба во граѓанското општество преку информирани и активни конституенти на ГО вклучени во заеднички граѓански иницијативи.
Проектни активности:
A1. Зголемување на отвореноста на локално ниво за поголем ангажман на ГО и граѓаните
- А1.1 Мониторирање на отвореност на локалните власти преку Индексот на отвореност
- A1.2 Креирање на листа за само-евалуација на општините за мерење на нивната отвореност
- A1.3 Менторска поддршка за јакнење на капацитетите на општините
- А1.4 Подобрување на консултациите преку усвојување на годишен календар за планирани консултации и редовно објавување на извештаи по направените консултации
А2. Зголемување на учествотото на граѓаните и граѓанските организации во консултативните процеси на општините при донесување на одлуки, преку користење на иновативни дигитални алатки
- А2.1 Надградба на дигиталната алатка мЗаедница и оспособување на локалната администрација за нејзино користење
- А2.2. Промовирање на мЗаедница во контекст на јавни консултации на локално ниво
Период на реализација: 01.12.2023 – 30.09.2026 (34 месеци)
Буџетска рамка: 14.000.000 денари
Финансиска поддршка: Проектот „Дигитална трансформација на локално ниво – Вклучена заедница за отпорност на корупција (ДИГИЛОК)“ е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
Партнери:
- Фондација за Интернет и општество Метаморфозис
- Рурална Коалиција
- Центар за социјални иновации Блинк 42-21