Од 14 до 18 август 2006 г. Амит Скендери, одговорен за иницијативата за локализација на слободен софтвер на ромски јазик, спроведе обука за ГНУ/ЛИНУКС и развојната алатка Кбабел во компјутерската лабораторија на Асоцијацијата за демократски развој на Ромите „Сонце“ од Тетово. На обуката учествуваа 8 ромски активисти од три невладини организации, кои го сочинуваат тимот којшто треба да ја имплементира иницијативата.

Учесниците се здобија со знаења поврзани со Линукс дистрибуциите Ubuntu, Kubuntu, Vector, Red Hat и Knopix, Линукс околини KDE, GNOM и DEBIAN, инсталација на Linux Ubuntu 5.10, развојните алатки Kbabel, Kbabel Catalog manager и Kbabel Dictionary, терминал (msgfmt) опции, а беа опишани датотеките PO, POT и MO и нивната структура. На обуката беа претставени и начините на преведување користени во Нови Сад на семинарот за локализација на ромски јазик (4-8.12.2005 г.)

На последниот ден од обуката учесниците сами инсталираа Ubuntu и Kubuntu дистрибуции на Линукс на компјутерите и го додадоа Кбабел како развојна алатка за преведување.

Повеќе информации за иницијативата за локализација на слободен софтвер на ромски јазик можат да се добијат од блогот „Ромска локализација на слободен софтвер“ .

Сподели: