Мени

Конкурс за изработка на слободен софтвер за Речник на компјутерски термини

 

Дополнителна вредност на оваа апликација е да може да се користи за создавање речници од други области, како и за други јазици. Објавувањето како слободен софтвер ќе овозможи и поширока промоција и афирмација на Македонија во светот.

На овој тендер се поттикнува учество од ентитети (фирми, организации, институции) кои имаат работно искуство во областа на развојот на слободен софтвер, соодветни референци, како и следните капацитети и квалификации:

  • Минимум од 2 програмери вработени со цело работно време.
  • Минимум 2 вработени/членови на развојниот тим со информатичко универзитетско образование.
  • Минимум 2 вработени/членови на развојниот тим со минимум 3 години искуство во развој на веб-апликации со бази на податоци.

Предност ќе имаат добавувачи кои:

  • Имаат успешно реализирано проекти од областа на слободниот софтвер
  • Имаат меѓународно искуство.

При пријавувањето на тендерот, потенцијалните добавувачи треба да поднесат

  • Пријава со детален план за работа и буџет
  • Портфолио на ентитетот со референци
  • Работни биографии (CV-a) на сите членови на тимот задолжен за проектот

Тендерската документација со техничките спецификации е достапна за симнување во следните формати

Крајниот рок за поднесување на пријавите е 20 јули 2007 г. во 16:00 часот. Пријавите треба да се испратат исклучиво по е-пошта на адресата info@metamorphosis.org.mk.

Поврзани натписи