Мени

Ministry of Data Meetup во Скопје

Ministry of Data во соработка со Фондацијата Метаморфозис ве покануваат на Мinistry of Data meetup во Скопје, кој ќе се оддржи на 24.11.2016 со почеток во 17:00 часот, во Цреша бар! Кликнете тука за да го пријавите вашето учество на овој meetup.

Што е Ministry of Data?

Ministry of Data е регионален предизвик за креирање апликации кој го поддржува креативниот потенцијал на младите луѓе, отворените податоци и напредокот на технологијата за инклузивно управување на подрачјето на западен Балкан. Доколку имате идеја како да ги трансформирате нашите градови и да го подобрите управувањето, ефективноста и учеството на јавноста на ниво на градови, и имате 18 или повеќе години, Ве повикуваме да ни се придружите! Рокот за пријавувавње е 5 декември 2016 година.

Дали имате идеја како да ги трансформирате нашите градови и подобрите владеењето, ефективноста и јавното учество на локално ниво?

Дали твојата идеја е применлива на Западен Балкан?
Дали обожаваш да анализираш и обработуваш податоци за јавно добро: ако можеш да најдеш начин да разбереш, ќе разбере и граѓанинот.

Визуелизации/аналитики, мобилни апликации и други е-решенија се добредојдени. Два тима ќе освојат менторски шеми по своја мерка и парична награда од 2500 американски долари.

Дали ве интересираат спeцијални податоци? Може да добиете специјална награда од дополнителни 2500 американски долари за најдобри визуелизации/аналитики, мобилни апликации и други е-решенија кои користат спацијални податоци.

Дали имаш минимум 18 години?

Тогаш придружи ни се! Рокот е до 5 декември.
Регистрирај се и аплицирај на http://www.ministryofdata.info/

Следете го развојот на настаните на Фејсбук страницата: https://www.facebook.com/Ministry-of-Data-895465933928755/