На 02.12.2014, вторник, во просториите на ЕУ Инфо Центар во Скопје, со почеток во 11.00 часот, ќе се одржи презентација на Препораки за работа со отворени образовни ресурси од страна на Алијансата за отворени образовни ресурси во Македонија. Презентацијата ќе трае 1 час.

На презентацијата, организирана од Метаморфозис и Алијансата за отворени образовни ресурси, ќе бидат презентирани тековните состојби, заклучоците и препораките за работа со отворени образовни ресурси во Република Македонија утврдени од Алијансата за отворени образовни ресурси на Македонија.

Целта на презентацијата е да се запознаат присутните со состојбите со ООР во Македонија како и да се разгледаат можните чекори во иднина за подобрување на климата вклучување на ООР во образованието.

Ве молиме да го потврдите вашето присуство на презентацијата најдоцна до 01.12.2014, понеделник, 14:00 часот, на имејл: contact@oer.mk или телефонски: 3109 325, лице за контакт: Тамара Ресавска.

Сподели: