Мени

Одржан вториот Open Data Meetup во Скопје

Фондацијата Метаморфозис во рамки на проектот “Мрежа на граѓански организации за отворени податоци” на 13.03.2015, петок, го одржа вториот Open Data Meetup во Скопје. Овој пат повеќе од 30 ентузијасти за отворени податоци се сретнаа во кафе-бар Цреша, каде имаа прилика да дискутираат и да ги споделат своите ставови и искуства поврзани со отворените податоци. Собирот траеше 3 часа, за време на кои беа споделени одлични идеи од страна на присутните.

Помеѓу пристутните беа и претставници од Британската Амбасада во Македонија, како и директорот на Фондацијата Метаморфозис – Бардил Јашари.

DSC_4358

Средбата ја отвори Дона Џамбаска од Метаморфозис, а воедно и стипендист на програмата School of Data на Open Knowledge Foundation за 2014 година. Таа го претстави концептот на отворените податоци, со присутните сподели инспиративни примери за употреба на отворените податоци, како и неколку алатки за обработка на (отворени) податоци.

Помеѓу учесниците беше Костадин Мишев – член на регионалниот центар за социјални иноваци кој е дел од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), како и дел од тимот на истиот факултет кој работи со семантички и веб апликации. Тој ги сподели своите искуства од развивањето на многу мобилни апликации базирани на отворени податоци, како и други совети за процесот на употреба на отворени податоци.

DSC_4376 DSC_4380

Друг учесник кој го сподели своето искуство на собирот беше Горјан Јовановски, автор на мобилната и веб апликација “Мој Воздух“. Апликацијата ги објавува податоците за квалитетот/загадувањето на воздухот на различни локации низ Македонија. Апликацијата покрај тоа што ги објавува податоците нуди и визуелизација на истите за полесен преглед.

DSC_4386

Целта на проектот имплементиран од страна на Фондацијата Метаморфозис во соработка со Open Knowledge Foundation, а поддржан од Foreign & Commonwealth Office, е градење на капацитети на граѓански организации за промоција на отворена агенда, преку формирање на Школа за отворени податоци – Македонија.