Мени

Одржана обука за борба против говор на омраза на Интернет

На 20 декември, 2013 година во просториите на ГЕМ клубот беше одржана обука на тема „Борба против говор на омраза на Интернет“ на која присуствуваа 16 учесници. Ова беше прва одржана обука на оваа тема, а повеќе вакви се планираат за следната година.

DSC_8514

Обуката ја започна проф. д-р Мирјана Најчевска, која зборуваше за препознавање и спротивставување на говорот на омраза. По неа следеше запознавање со механизмите за пријавување говор на омраза на социјалните мрежи , како и практична вежба чија цел беше зајакнување на презентациските вештини на учесниците.

DSC_8473

Обуката за борба против говор на омраза на Интернет е дел од иницијативата против говор на омраза која е покрената од МОФ, Метаморфозис, Реатор и Центар за нови медиуми.

Повеќе фотографии од настанот може да погледнете на  Фликр профилот на Метаморфозис.