„Нашиот Мал Фестивал“ е посветен на подигнување на културната свест и нивото на неформална едукација кај децата, а во својата програма беа интегрирани голем број едукативни работилници, проекции на детски филмови од европска продукција и многу други забавни содржини.

„Нашиот Мал Фестивал“ беше организиран од страна на „Наше Маало Продукција“ по повод 15 години од своето постоење, а истиот беше поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Канцеларијата на ЕУ во Скопје, фондацијата Метаморфозис, како и општините Велес, Чаир и Културно-информативниот центар на Србите во Македонија.

Фондацијата Метаморфозис организираше две работилници во рамките на фестивалот: „Потреба за реупотреба“ и „Внимателно на нет за безбеден чет“.

2На работилницата „Потреба за реупотреба“ децата изработуваа креативни новогодишни украси од ситен електронски отпад. Работилницата беше организирана со помош на организацијата на „Гринер“, а децата научија што е електричен и електронски отпад и како треба да се справуваат со него.

e-otpad-1

e-otpad-2

e-otpad-3

3На работилницата „Внимателно на нет за безбеден чет“ децата имаа можност да се забавуваат, но и да добијат неколку важни совети за безбедно сурфање и користење на интернет. Преку играње на игри, гледање кратки филмчиња и решавање анимирани квизови, интернетот беше претставен како одлично место за информирање, учење, забава и дружење, но и како место на кое можат да се случат опасни и непријатни случки доколку не се внимава.

bezbedno-1

bezbedno-2

bezbedno-3

На работилниците учествуваа околу 350 деца од четврто до шесто одделение, кои на крајот добиваа и едукативни материјали и постери.

Сподели: