Мени

Се одржа обука за медиуми за справување со говорот на омраза

На 17 мај 2016 година, во ГЕМ клубот во Скопје, се одржа обука за справување на говорот на омраза во медиумската сфера, првенствено наменети за уредници, новинари и администратори на веб-портали организирана од Фондацијата Метаморфозис во рамки на проектот Сервис за проверка на факти од медиумите кој Фондацијата Метаморфозис го спроведува со поддршка на УСАИД Македонија. На оваа едно-дневна обука присуствуваа 15 претставници на медиумите.

20160517_102105

Целта на обуките е да придонесат кон зајакнување на капацитетите на онлајн-медиумите во Македонија за препознавање и спротивставување на говорот на омраза и говорот што поттикнува насилство и криминал  од омраза, како и промоција на професионалните новинарски стандарди во рамки на проектот Сервисот за проверка на факти од медиумите кој Фондацијата Метаморфозис го спроведува со поддршка на УСАИД Македонија.

20160517_102513

На оваа обука беа опфатени следните теми:

  • Вовед на темата говор на омраза
  • Правни рамки поврзани со говорот на омраза
  • Напорите на Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Македонија во оваа област
  • Учество во заедницата насочена кон борба против говор на омраза
  • Идентификување говор на омраза според методологијата на Сервисот за проверка на факти од медиумите
  • Општествена одговорност на медиумите (порталите)
  • Развој на интерни механизми за саморегулација во рамки на еден медиум: Развој на политика за говор на омраза, регистрација, ограничувања за содржини генерирани од корисниците, коментари на социјални медиуми, механизам за предупредување и отстранување (notice and take down mechanism)

20160517_104626

20160517_123818

Во текот на оваа обука беше презентирана и првата мобилна апликација во светот за борба против говорот на омраза која има за цел поефикасно информирање и подигнување на јавната свест за говорот на омраза, овозможувајќи им на граѓаните брз и иновативен пристап до најновите вести од оваа област, како и пристап до образовните и стручните ресурси. Апликацијата “Не мрази”, која e прва апликација од тој вид за паметни мобилни телефони во светот, е достапна за бесплатно преземање за корисниците на најпопуларните оперативни системи Андроид преку Гугл Плеј и иОС (iOS), односно корисниците на Ајфон и Ајпад преку Епл Стор.

20160517_130704

20160517_132101

Оваа обука им овозможи на сите присутни претставници на медиумите да се запознаат и разменат искуства, како и да ги воведат научените тактики и совети за спречување на говорот на омраза во својата секојдневна работа.

20160517_140253

Во текот на оваа обука, се развиваа и дискусии поврзани со оваа тема, како и присутните претставници на медиумите се изјаснија дека ваквите обуки доколку се зачестат ќе помогнат да се спречи говорот на омраза во медиумите навремено.

20160517_141537